fbpx

Говори

Туризмот е моторот за развојот на Македонија, потребни се услови за напредок, а не милостија

 

Лидија Петкоска пратеничка во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина насловена „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ која што се одржа во Охрид истакна дека тутизмот е моторот за развој на Македонија при што и визијата на ВМРО-ДПМНЕ е за овој сектор да се развие при што од кој Охрид и Македонија можат да живеаат и да бидат конкурентни затоа што Бог ја дарувал со убавини, но и со паметни луѓе кои знаат тие убавини да ги валоризираат.

„Развојот на туризмот како значаен сектор во Македонија  заслужува посебно внимание, а наша главна цел и стратешки приоритет е континуирано зголемување на бројот на туристи, преку градење на нови модели за развој туризмот, креирање нови форми на туризам,  брендирање на производи , привклекување на бренд-имиња, зајакнување на човечките ресурси во угостителско туристичкиот сектор и промоција на земјата како безбедна и атрактивна туристичка дестинација со богати туристички содржини“, порача Петкоска.

Со јасна стратегија, макотрпна работа и мудри политики во минатите години на владеење на ВМРО-ДПМЕ успеа да го развие македонскиот туризам  и така развиен го презеде сегашната власт предводена од СДСМ во чие владеење, туризмот целосно крахираше и го претвори во случај за интензивна нега, каде што освен некои ваучери за мал број граѓани, во време на пандемија кај власта недостигаа храбри и државнички потези и одлуки со кои ќе се презема сериозни мерки за спас на оваа важна економска дејност.

„Заедно со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномираните експерти во областа, потребно е да изработиме нова Национална стратегија  за развој на туризмот со Акциски план за следните десет години, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор да изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и да го одредиме начинот на кој истите ќе се развиваат и напредуваат во период пет години. Да направиме измена на законот за туристичка и угостителска дејност, да воведеме ред во туризмот преку формирање посебна туристичка инспекција, или туристичка полиција, да си ги заштитиме интересите  на домашните туристички  водичи, кои се презентери на нашето културно и историско наследство“, порача меѓу другото Петкоска.

Последни новости