fbpx

Говори

Previous Next

Додека Филипче возеше мотори со Заев, доктор од кратовско на раце носеше пациент, тоа е доктор, а не Филипче кој граѓаните гиостави на милост и немилост

 На денешниот протест пред Министерството за здравство се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој зборуваше за моменталната здравствена состојба во државата, лошите владини политики во борбата со пандемијата, како и за прошетките со мотори на министерот Филипче заедно со премиерот Заев.

Лефков истакна дека протестот пред министерството е со една и единствена цел, а тоа е барање за поднесување оставка на Филипче. Тој додаде дека на граѓаните не им требаат криминалци и моторџии за да ги спасат од пандемијата, туку луѓе кои деноноќно ќе работат и со чесна намера ќе придонесуваат за посилно здравство и побезбедни граѓани.

Зоран Заев и Венко Филипче се јавачи на апокалипсата, јавачи на кои не им е важен ниту еден човечки живот кој беше изгубен изминатата една година. Покрај тоа што возат мотори и шетаат низ државата со десетина возила обезбедување, ја возат и цела нација, секој еден граѓанин, бидејќи додека граѓаните едвај преживуваат, Филипче и Заев се забавуваат, истакна Лефков.

Лефков потенцираше дека пред правдата нема никој да остане поштеден и дека секој ќе одговара за своите постапки.

Некој ќе мора да одговара за ненабавката на вакцини, немањето доволно медицинска заштита и стотиците изгубени човечки животи, кажа Лефков.

"Венко Филипче мора да поднесе оставка од морални причини, бидејќи е директен виновник за изгубените стотици човечки животи и за уште илјадници заболени од КОВИД-19 вирусот. Додека Филипче возеше мотори со Заев и со пријателите, доктор од кратовско на раце носеше болен човек повеќе од десет километри, само за да му го спаси животот. Тоа е вистински доктор министере Филипче, а не Вие кои уживате и возите мотори додека граѓаните се оставени на милост и немилост", истакна Лефков.

Додека сите земји од соседството веќе се во одмината фаза од процесот вакцинација, Македонија се уште моли за вакцини и бара милостина. Ова ли е европското здравство кое Заев и Филипче го ветуваа? На македонските граѓани им е преку глава од несериозни политичари, криминалци, рекетари, профитери и неодговорни луѓе. Оставка час поскоро, оставка уште денес!

Последни новости