fbpx

Говори

Previous Next

Има 145.909 причини Филипче да си поднесе оставка, наместо да води грижа за граѓаните, тој мисли како да се збогати и профитира

 

Пратеникот од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ Љупчо Пренџов на денешниот протест пред Министерството за здравство насловен „Здравје, а не провизија - Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива“, вели дека граѓаните имаат 145.909 причини да побараат оставка и одговорност од Филипче и Заев додавајќи дека додека граѓаните се оставени сами на себе, Филипче и Заев се возат со скапи мотори.

Денеска сме овде затоа што имаме 145.909 причини да побараме оставка од овој кој што ни го води здравството во државата. Се наоѓаме овдека бидејќи имаме 4.388 причини да побараме оставка и одговорност и од него и од оној кој што му е шеф. Имаме 20.082 активни причини со кои што го повикуваме да се засрами и тој и неговиот премиер кои што се возат едниот напред, другиот позади на овие БМВ ексклузивни мотори по 30.000 евра, додека народот не знае од што повеќе е погоден, дали од епидемијата или од немаштијата, а тие си тераат забава, рече Пренџов.

Жал ми, но мора да знаеме сите дека сме оставени сами на себе, за обичниот народ во оваа држава нема заштита. Обичниот народ нема ниту здравствена, ниту економска заштита, сами треба да се чуваме бидејќи на власта ни на крај памет не и паѓа тоа, тие се зафатени со други работи, изјави тој.

Во оваа држава пред една година требаше да набавиме респиратори, се сеќавате тогаш велеа дека немало респиратори, дека сакале да платат респиратори за народот колку толку што е во болница да може да има надеж дека ќе дочека едно подобро утро. Денес гледаме респиратори немало, ама имало дадени пари за респиратори, 1.2 милиони се потрошени. Слушаме разговори, платена е царина во Бразил, платен е ДХЛ брза пошта, а за нашата држава и за нас нема ниту пари во буџетот, нема ни респиратори, додаде Пренџов.

Пратеникот Пренџов посочи дека Филипче ветувал покачување за 5 проценти на платите на здравствените работници и медицинскиот персонал, но како што нагласи ниту ова ветување не го исполнил, нагласувајќи дека Македонија има министер кој наместо да обезбеди вакцини, тој наоѓал фирми од кои ќе може да заработи и да се збогати.

Ветуваше пари на здравствените работници, ветуваше 5 проценти зголемени плати, а ништо не им даде. Оние голораки медицински сестри, здравствени работници, медицински техничари, доктори, ништо не видоа.

Ние имаме министер кој што наместо да најде вакцини, наоѓа фирми како ќе заработи од тие вакцини. Ние имаме министер кој наместо да набави респиратори, тој наоѓа фирми како ќе се збогати од тие респиратори. Ние имаме болници кои што немаат реагенси, не можеме да направиме на државно да провериме антитела затоа што немаат реагенси, немале пари за реагенси, ама за Жути имаат пари 30 милиони евра од Буџетот. За нив имаат пари. Ние имаме во државата состојба која за жал многу наши роднини, пријатели, сограѓани немаат кислород во овие одделенија кои што се лечат. За кислород не можат да обезбедат, ама може Филипче да си обезбеди две хациенди на Водно, отидете и видете во Нерези, две хациенди му ги гради фирмата која што добива тендери во ова министерство. Тој мисли на тендери и на профити, тој не мисли ниту на здравје, ниту на граѓани, ниту на болни, вели Пренџов.

Пренџов потенцираше дека нема да дозволат да се извлечат и еден ден ќе одговараат пред законите.

Во амбис не водат сите нас, но нема да им дозволиме да се извлечат, нема да им дозволиме да не одговараат пред законите, заклучи Пренџов.

Последни новости