fbpx

Говори

Панова до Филипче: Вашите гревови се човечките животи, тоа не може да се надомести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на протестот пред Министерството за здравство упати остри критики за работата на Министерот за здравство Венко Филипче.

„Јас не сум медицинско лице, по струка сум правник, па ајде како правник да Ви посочам „министре за смрт” дека не работите согласно Закон! А, оној кој не работи согласно Закон, местото не му е во оваа институција позади мене, туку во некоја друга институција, каде денес лежат невини луѓе“, напомена Панова.

Ели Панова го прозва Министерот за здравство Венко Филипче дека неговото министерување требаше да се темели врз законот за здравствена заштита. Доколку имавте барем малку совест и етика,  при отпочнување на Вашата функција истиот ќе го прочитавте и веќе ќе имавте сфатено дека секој ден го кршите тој закон, ги кршите членовите 2 и 3 со вашето, незачувување, неспречување, ненавремено лекување, никој нагласувам никој, па ни Вие не смее да го загрозува здравјето на другите.

„Вашата неспособност за менаџирање го загрозува здравјето на обичниот граѓанин, па денес во Македонија имаме рекордна смртност од 4.108 луѓе како последица на КОВИД, според вчерашниот извештај на Економист, Македонија са наоѓа на трето место по смртност во светот!ПОЛОШИ СМЕ ДУРИ И ОД ИТАЛИЈА ВО МОМЕНТОВ. Министре Вие го кршите и членот 6 или начелото на ДОСТАПНОСТ, со кое здравствената заштита треба да биде географски, физички, и економски достапна! Епа министре, општите болници низ Македонија се полни, истите немаат основни медицински средства, се сликате позерски на ДОНИРАНИ , ДОНИРАНИ ВАКЦИНИ, ОПРЕМА, бидејќи не сте способни да набавите, а преживуваат само оние граѓани кои имаат да платат“, истакна пратеничката Ели Панова.

„Ефикасни сте министре единствено во пребројување на починатите, Континуирана е единствено Вашата борба за ПРОВИЗИИ, А ПРАВИЧНИ СТЕ во дискриминацијата, оној кој ќе се јави за кревет и ќе плати може и ќе преживее. Од вашето присподобување видовме само ходници полни со пациенти, чекање еден да почине за на друг да му биде дадена боцата со кислород, медицинските лица сами да купуваат опрема и да работат до исцрпување, роднините на пациентите сами да се нудат да им дадат голтка вода“, порача Панова.

Пратеничката потсети на немилиот настан од пред неколку дена и го запраша Министерот: Во член 284-Во вонредни услови и кризна состојба Министерот за здравство соработува со ЦУК; Дирекцијата за спасување , Црвениот крст, државни установи и здруженија на граѓани. Со кој соработувате Вие министре кога 90 годишната мајка го грееше телото на својот син пред да почине? СО ХЕЛИКОПТЕРИ И МОТОРИ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ САМО ВИЕ, обичниот народ нека умира! Vе потсетувам на родилката од Битола, Ве потсетувам на Родилката од Струга. Каде се постапките кои ги отворивте? Власта е неспособна да го заштити здравјето на народот, ама затоа е способна за криминал, корупција и соработка со мафијата. Крими – скандали се вашето секојдневие во власта.

„Да само од вчерашниот ден Македонија ја тресат нови скандали за Ваши другарчиња, како на пример: - Шоферот на Заев фатен со дрога вредна 800.000 евра, во акцијата на ДЕА  и Интерпол заедно со него уловен е и Началникот на Полицијата во Прилеп, издадени 94 000 изводи без евиденциски број,турските медиуми полни зошто му е издаден Македонски пасош на шефот на турската Мафија, уапсен уште еден нарко - бос со македонски пасош во Шпанија“, заклучи Ели Панова.

 

 

Последни новости