fbpx

Говори

Македонија ќе ги надживее овие јаничари кои ја парчосуваат Македонија

Интегрален текст од говор на Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Добар ден Македонијо, добар ден македонци. Денес сме овде да дадеме морална поддршка на нашите браќа патриотите, да им порачаме да истраат во борбата затоа што ќе изгрее сонцето на слободата.

Македонија ќе ги надживее сите нив ќе ги надживее овие јаничари кои ја парчосуваат Македонија.

Браќа и сестри ние сме Македонци затоа што зборуваме македонски, затоа што пееме македонски, затоа што се веселиме на македонски.

На нашите патриоти браќа и сестри се Македонци затоа што страдаат на македонски затоа што страдаат за татковината за Македонија.

И ако некогаш се соочите со неправдите сетете се на нашите браќа кои што се за неправда затворени овде, затворени како многумина Македонци низ историјата, кои се запишани со златни букви, но најважно од се, се запишани во нашите срца како што се запишани и нашите браќа кои се овде неоправдано осудени.

Но, исто така има многу одродени Македонци кои биле и ќе останат на темните страни на историјата.

Да сте живи и здрави. Слобода за патриотите, слобода за Mакедонија.

Последни новости