fbpx

Говори

Со Заев добивме монархија, време е за револуција на умовите и промени

Интегрален текст од говор на Гордана Силјановска Давкова, ИЕ1

Почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани кандидати за пратеници, почитувани присутни.

Во 1994 година се збогував со политиката, реков никогаш повеќе само ќе ја проучувам. Минатата година го прекршив зборот, не попусто, си го запознав прекрасниот народ. Видов дека она што го предавам, она што го пишувам, она што го зборувам не го гледам во државава. Долго размислував и овој пат, искрено мислев да ставам заедно со крајот на професорската кариера крај и на било какво прифаќање на бавење со политика. Пак ме разубедија, искрено, не жалам. Ги учам студентите дека нема демократија без поделба на власта. Во оваа држава, во овие три години не само што исчезна поделбата на власта, туку добивме републиканска монархија со неа не се оди во Европа. Ги учам студентите дека собранието е демократска школа, не нашето Собрание е демократска руина. Затоа мислам дека ако во името на ВМРО-ДПМНЕ го има и зборот револуционерна, придавката револуционерна далеку се времињата кога со пушки многумина гинеле и се бореле за Македонија. Време е за поинаква револуција, не за шарена револуција, за револуција на владеењето, за револуција на умот, за револуција во управувањето. политиката мора да стане уметност на можното, за тоа е потребно знаење, дигнитет, интегритет.

Политиката не смее да биде како што вели Харолд Ласвел „политика тоа е кој добива, како, зошто и кога“, мора да ставиме крај на ваквиот модел на политика

Ви благодарам што повторно имавте разбирање за некој кој е натпартиски. Мислам дека критиката е здрава работа. И она што ме израдува овој пат е кога на листата видов луѓе за кои не знам, не сум чула, прашував но дознав дека се почитувани во средината и во професијата.

На претседателот Христијан Мицкоски му велам „мора да направите влада што ќе личи на вас, влада што ќе биде како експертска, влада во која ќе седат луѓе кои во професијата се препознаени и знаат што да прават, влада помала од оваа, мора да побарате сами да одговарате на пратенички прашања еден ден во неделата, тоа одамна не сме го виделе“. Замислете пратенички прашања еднаш месечно на свети четврток. Мора да ставиме крај на ова. Јас со своето знаење ве уверувам дека ќе се водам од правото, од правдата и од моралот. Ние мора да втемелиме, да возобновиме политика во границите на правото. Само таквата политика ќе овозможи европски стандарди на демократијата и ќе ни го отвори патот кон Европа. Тоа и не е пат. Тоа е познавање, тоа е обнова. И јас навистина верувам дека обновата е пред портите на Македонија.

Последни новости