fbpx

Говори

Ветија живот, донесоа иселување и разочарување, крајот им се гледа

 Интегрален текст од говор – Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Почитувани присутни,

Една земја е успешна, колку што нејзиниот народ е среќен. Жалам што мора да кажам дека Македонија никогаш не била понеуспешна, а народот понесреќен а причината за тоа е овој хибриден режим на оваа криминално рекетарска банда на власт и таа има свое име и презиме а тоа е Зоран Заев.

Власта на Заев ја уби секоја надеж на граѓанинот и создаде чувство на апатија поради изневерените очекувања, поразите и неуспесите кои ги донесе. Резултатот на тоа се десетици автобуси кои неделно заминуваат од Делчево, Кочани, Штип, Велес, но и Битола, Тетово, Куманово Скопје. Заминуваат од државата која забрзано се празни. Се празнат селата и градовите во нашата Македонија. За тоа виновен е Заев и неговите погубни политики, особено во оние во Луј Витон судството, а кога сме тука, тука го имаме најдобриот тандем, тандемот Зоран Заев и Катица Јанева.

Пред 4 години ветуваа живот, а донесоа пустош. Се сеќавате носеа чевли пред владата, ветуваа ќе ги врателе младите, а што добивме, добивме невиден егзодус, бела чума и масовно отселување. Што фатија, исушија. Се дограбаа до власт и почнаа да работат само на свое лично богатење.

Но секој почеток има свој крај, а овие крајот им се гледа брзо. Е тоа е народот во Македонија, тоа е Македонецот.

Ние час поскоро после 12 април ја почнеме обновата и ќе ставиме крај на поразите. После 12 април Македонија се исправува, Македонија почнува да чекори напред и победува. Да создадеме перспективи и иднина тука во Македонија.

Секој човек, сите ние живее во сегашноста, но, работи за иднината, за себе и за своите деца. Нашата иднина била и ќе остане Македонија со сиот потенцијал и можности кои ги има. Ако ги искористиме, ако создадеме пристојна земја со владеење на правото, економски развој, квалитетно здравство и образование, со почитувани и вреднувани земјоделци тогаш Македонија ќе стане земја со среќни и успешни луѓе. Луѓе со исправена кичма.

Ќе дадеме можност на сите да се вклучат во нашата борба за напредна Македонија. Подаваме рака на секого, зошто Македонија е во прашање. Ќе дадеме можност на сите кои знаат и умеат. Како млад човек верувам и ќе се борам младите да станат двигателот, моторот на напредокот и промените. Тоа е и мој сон. Тоа е сонот кој го сонуваме сите и заедно да го направиме стварност.

Браќа и сестри,

Верувам во верниот исток, верувам во народот и верувам во вас, заедно ќе се избориме за повеќе и подобро. Македонијо време е за одлуки. Обновата не е само политички и партиски слоган. Обновата е планот за подобро утре.

Ве повикувам сите кои искрено ја сакате Македонија да застанеме рамо до рамо и заедно да почнеме да извојуваме победи. Првата ќе биде токму на 12 април.

Ова го должиме на нашата татковина. И го должиме идеалот за Успешна Македонија и тој идеал за успешна Македонија е вистинскиот патриотизам.

Одиме на сигурна и убедлива победа.

Да сте здрави и живи.

Да ни е вечна Македонија!

Последни новости