fbpx

Говори

Со купување на македонски производи, ќе ги спасиме работните места во компаниите, ќе ја потпомогнеме економијата

Интегрален текст од видео обраќање на Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Корона вирусот го смени животот. Епидемијата ја измени комуникацијата, но ги измени и економските текови.

Македонската економија е во опасност, македонските компании и македонските работници се пред тежок предизвик.

Наша заедничка одговорност е да им помогнеме, да не дозволиме тие да пропаднат, да не се затворат, да не се отпуштаат работници.

Со купувањето македонски производи обезбедуваме егзистенција за сечие семејство. Со купувањето на производи од македонски компании, тие ќе обезбедат плата за работниците, работниците ќе купуваат производи од други компании и така ќе има за сите.

Со купување на македонски производи, ќе ги спасиме работните места во компаниите, ќе ја потпомогнеме економијата, ќе ја помогнеме Македонија, а таа – Таа така ќе има и за докторите, и за полицајците, за војниците, за пожарникарите. Да, ќе има и за уметниците, за културата.

Да си помогнеме самите на себе. Едноставно е, купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија.

Последни новости