fbpx

Говори

Заедно ќе понудиме решенија за Македонија, со можност да бидат спроведени

Интегрален текст од видео обраќање на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Пoчитувани,

Македонија никогаш не била во поголема криза.

Граѓаните, народот мора да бидат слушнати. За жал власта се затвора во својата безидејност и уште повеќе удира oнаму каде што не треба.

За нас како политичка партија најважно е обезбедувањето на благосостојба на граѓаните. Најважна ни е комуникацијата со народот.

Македонија пред овој предизвик на корона вирусот што силно удри врз економијата ги покажа сите слабости на власта. Ова е сериозен момент за малите фирми, за работниците, за земјоделците. Економскиот удар на епидемијата нив најмногу ги погоди!

Родот на градинарите останува по нивите, сточарите се соочуваат со проблеми во пласманот на јагнето, земјоделците буквално не знаат како да врзат крај со крај. Проблеми многу, а власта која што е најповикана да ги реши, освен популизам не превзема речиси ништо.

Во овој момент на Македонија повторно и е потребна мудроста на народот. ВМРО-ДПМНЕ почнува нова акција заедно со вас! „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија”.

Како и секогаш, отворени сме за вашите проблеми, искушенија, прашања и предлози. Понудете идеи, пишете ги вашите предлог решенија и испратете ни ги на отворената електронска пошта, „Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.“.

Сите пристигнати прашања и идеи ќе бидат разгледани од експертите во нашите соодветни комисии. Од нив ќе произлезат идеи и решенија кои повторно ќе ги доставиме до власта. Заедно ќе понудиме решенија за Македонија, со можност да бидат спроведени.

Ајде сите заедно да помогнеме со мерки и предлози за земјоделците, за малите и средни фирми, за занаетчиите, за туристичките работници, да помогнеме на невработените лица. Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност.

Почитувани граѓани,

Низ историјата заедно сме минале низ сите искушенија, заедно ќе ги поминеме и овие предизвици.

Тука сме да помогнеме. Време е за работа и зa одлучност. Мора и владата да покаже исто така зрелост.

Заедно да се избориме побрзо да дојдат подобри времиња! Затоа што Ја сакаме Македонија!

Последни новости