fbpx

Говори

Како партија и како одговорна опозиција поттикнуваме акции за поддршка на здравствените препораки

 Интегрален текст од видео обраќање на Дарко Костовски

Почитувани граѓани,

Пандемијата го промени светот, ги смени односите меѓу луѓето, воведе нови правила во комуникацијата. И не само во директната комуникација, го смени начинот на поздравување, држење дистанца едни од други, од блиски, од роднини, внуци од баби и дедовци. Тоа ќе помине, но проблемите ќе останат. Сега најмалку треба да сме себични. Овој вирус со себе ги покосува и здравствениот, но и безбедносниот и економскиот живот.

Почитувани,

Оваа борба сега од нас бара сплотеност, за да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите блиски. Но бара и сплотеност, да ја зачуваме економијата. Државите во светот се затворија сами кон себе, штитејќи ја економијата. Тоа сега се очекува и од нас. Да ја заштитиме нашата, македонска економија.

Почитувани сограѓани,

Сега е потребна сечија идеја како да си помогнеме сами на себе. Да дадеме се од себе за да ги заштитиме нашите херои, докторите, медицинските лица, полицајците, безбедносниот сектор, бизнисот, работниците, нашето, вашето, но и работното место на сограѓаните.

Како партија и како одговорна опозиција поттикнуваме акции за поддршка на здравствените препораки. Започнуваме иницијатива за поддршка на домашните компании. Сега ја бараме и вашата мудрост.

Приклучете се на иницијативата „Вашите проблеми заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“, кажете ни ги вашите размисли, споделете ги проблемите, видувањата и идеите како да излеземе посилни од општата криза. Испратете ни ги вашите согледувања на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Сите пристигнати писма внимателно ќе ги разгледаме и од нив креираме политики и решенија кои се добредојдени во овие моменти.

Почитувани,

Бидете мудри, следете ги препораките, помогнете ја македонската економија, дајте ни предлози. Сега е време на заедничка мудрост и одговорност. Затоа што ја сакаме Македонија.

Последни новости