fbpx

Говори

Николоски пластично објасни како се трошат народните пари

 

На вчерашната седница за буџетот за 2021 година во Собранието на Република Македонија се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски кој ги образложи аномалиите на буџетот, неразвојноста, како и грешните претпоставки од страна на власта во однос на приоритетите за наредната година.

Николоски се обиде на "пластичен" начин пред јавноста да објасни на каков начин Зоран Заев го распределува, односно го троши буџетот на Република Македонија кој се полни од парите на граѓаните, а наместо парите да се трошат за овозможување подобри услови за живот на граѓаните, парите се трошат на пи ар методи за затскривање на неефикасноста на владата.

Николоски рече доколку замислиме дека буџетот е 1000 денари, Зоран Заев троши 127 денари на исплаќање плати, 86 денари троши на стоки и услуги кои што за жал никој не знае што се, фантастични 487 денари се трошат за затскривање на неработата на власта, 288 денари се трошат на пензии, 139 денари за здравствена заштита, 159 денари се трошат на непродуктивни трошења кои никој не знае што се, а на капитални инвестиции се трошат само 93 денари и во исто време се задолжува 141 денар, што доволно кажува за нерационалното трошење на парите на граѓаните. 

Ова е само еден прост пример како Зоран Заев ги краде парите на граѓаните, како ги ситуира своите соработници и им ги замачкува очите на граѓаните со розеви приказни како се е блескаво во Република Македонија, додека граѓаните секојдневно мака мачат да сврзат крај со крај во месецот и спасот го бараат надвор од земјата, рече Николоски

Овој буџет е неразвоен, фиктивен и ги прикрива само криминалите на Зоран Заев и Владата. За брзо време ќе следи ребаланс на буџетот, каде што ќе се види каде биле грешките кои се сега направени, а Зоран Заев тогаш ќе сака да ги прикрие со префрлање пари од еден во друг џеб, заврши Николоски.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости