fbpx

Говори

Нема средства во овој Буџет наменети за коронакризата, а во здравството се скратени дури 36% средства за капитални инвестиции за 2021

Соопштение до јавноста

Речиси и да нема средства од овој Буџет наменети за коронакризата, предложениот Буџет за здравство не ја отсликува реалната состојба на криза и пандемија, па така од 2020-та година издвоените 1,3 милијарди денари, оваа година се само 836 милиони денари за капитални инвестиции или намалување  од 36% во споредба со оваа година - критикуваше пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска расправа за Буџетот.

Таа вели дека милионски трансфери од државниот буџет кон невладини организации ќе се трошат во време на пандемија, кога капацитетите за лекување не се доволни, а Македонија нема услови да обезбеди кревет повеќе за пациентите од КОВИД19 .

Нема смисла ниту формат за кој треба да се расправа, за буџет во кој допрва треба да се извојуваат средства за промена на учебниците по историја или како и да ќе го склопите во граѓански предмет и намалите значењето кое историјата го има и секогаш ќе го има, таа вели дека ако веќе власта издвојува пари за бришење на историјата треба да биде сигурна дека таа нема да ја избрише меморијата, ниту гробовите на нашите предци, кои изгинале од фашистички куршум само за слободата.

Пред нас е уште еден нереален и неразвоен буџет кој најмалку е народен и граѓански, овој буџет нема да им помогне на КОВИД кризата, ниту на економијата, ниту на реалниот сектор, со него оваа влада предвидува 10 милиони помалку за капитални проекти, што значи дека и во 2021 година нема ништо да се гради како што беше до сега, се намалуваат средствата предвидени за Агенцијата за поддршка на земјоделието, што значи дека и следната година земјоделците ќе бидат измамени од Владата на Заев. Нема да има пари ниту за опремување на медицинскиот персонал следнава година, како помош за справување со КОВИД19 – потенцираше Стојаноска.

На тема доделување средства за граѓански сектор Стојаноска јавно праша дали е неоходно зголемување на средствата за трансфер кон граѓанските организации и ако се смета дека истите се неопходни, во кои цели тие би бил искористени? Таа исто праша дали истите ќе се користат повторно за поткуп и кои биле придобивките за македонските граѓани од доделувањето на тие при кон граѓанскиот сектор лани од Владата? Стојаноска вели дека предлогот кој не бил прифатен бил да се пренаменат овие пари за здравствени потреби, а сега Владата ќе им даде 20 милиони евра на невладините, а за каква намена не се знае.

Во време на пандемија која е потребата да се има вкупно пет милиони денари за трансфер кон невладини организации од министерството за политички систем која истите тие финансии можат да се пренаменат за набавка на комјутери за учениците и средношколците – вели Стојаноска.

Стојаноска потенцира дека на оваа власт дефинитивно не и е приоритет здравствената грижа и подобро здравство за граѓаните, во услови на преку 2100 починати никаде ги нема парите во буџетот наменети за КОВИД19 кризата.

Овој Буџет е како онаа народната „не умирај магаре во зелена трева“, туку не она вашето магаре за тренирање и не онаа вашата зелена трева што сакате да ја легализирате, немојте да го третирате македонскиот народ како магаре, најмалку му е дојдено до легализација на марихуаната, товарот што го носи македонскиот народ е благодарение на вас, потенцираше Дафина Стојаноска.

 

Последни новости