fbpx

Говори

Previous Next

Народот спречи Заев сè да потпише, се уплаши од народот од македонските градови и села

 

Добро вечер Македонци,

Добровечер на сите кои што сте вечерва тука, благодарам што еве веќе 20тина дена сме по македонските улици, по македонски градови и села да кажеме НЕ на националното предавство, да кажеме НЕ на обезличувањето на македонскиот народ.

И бидете горди еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би ни помислил.

Заради вас, заради сите кои излегувате на улиците, на македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема, се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ. Благодарам и да продолжиме да сме обединети, да сме цврсти и заеднички да ја избиеме оваа битка.

Затоа што ова е само почетокот, ќе се обидат пак за една недела, за две недели, за еден месец или како што Заев вели, после изборите во Бугарија кои што се во месец март ќе се обидат пак и затоа треба да сме цврсти, обединети и сплотени, да не има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија. Да ја чуе секој еден кој што сака да не слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата.

Затоа што како што рекол славниот водач на Илинденското востание, човекот радо виден по европските дворови, човекот кој што на ВМРО му помогна да има интернационална признатост и познатост Борис Сарафов во едно свое познато интервју „Ние не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ами просто Македонци“ и затоа треба тој аманет од Борис Сарафов 120 години подоцна заеднички да го одбраниме.

Македонија за жал утре со Зоран Заев и со најнеспособната Влада во историјата на Македонија, а најпредавничката сте сите свесни ќе го добие кој знае по кој ред „датумот“ за почеток на преговори, односно за жал Македонија и утре нема да добие датум за почеток на преговори со Зоран Заев.

Ако имаат малку доблест, и ако имаат малку достоинство утре треба да поднесат оставка сите од прв до последен, цела влада ан чело со Зоран Заев затоа што 4 години го лажат македонскиот народ.

И да сме на јасно, точно е дека има голема вина во ова што се случува во непринципиелните барања на нашиот источен сосед Бугарија, ама точни се и уште две работи. Првата е кога сте спремен да ја платите секоја цена, ја плаќате највисоката цена. Видоа нашите соседи дека Зоран Заев е спремен да ја плати секоја цена и решија да добија нешто што нивните претходници политичари не би го ни сонувале, решија да добијат нешто што е повеќе од 150 годишна битка на овие простори. И тука апсолутно одговорноста е кај Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и останатата екипа со нив.

И втората работа Македонија не почна и не почнува преговори со Европската унија затоа што во Македонија цветат криминалот и корупцијата. Да се вратиме неколку години наназад, во 2017 година Европската унија побара реформи со цел во јуни 2018 година да се почнат преговори за членство, познатиот фамозен План 3,6,9 според проценките на Зоран Заев и неговата екипа значи сами се оценуваа го реализираа ни пола, односно само 42 проценти. Дојде јуни 2018 година, Европската Унија  рече ви даваме уште година дена и ви поставуваме три услови, реформа на јавната администрација, реформа на безбедносните служби и битка со организираниот криминал и корупција. Дојде јуни 2019 година, Р нема од реформа на јавната администрација, безбедносните служби заради активното учество на ВМРО-ДПМНЕ исклучително добри закони се донесоа во Собрание, ама имплементацијата е катастрофа, а по однос на борба со криминал и корупција, во таа година им се случи најголемата корупциска афера во Македонија ташната Луј Витон со милион евра, односно познатата афера Рекет.

И тогаш, Европската унија рече ви даваме уште неколку месеци до октомври да ги поправите работите. Во октомври повторно истата слика, почна да излегуваат нови детали од Рекет, се виде дека Зоран Заев е Капо ди тути капи на таа организирана шема, дека не е рекетиран еден бизнисмен туку рекетирани се повеќе бизнисмени, изрекетирани се над 20 милиони евра, за ова сме со Заев на суд и ќе се видиме со докази и во октомври месец Европската Унија повторно рече не.

И дури потоа настапи заедничката позиција на бугарското народно собрание. Така што да не ја лажат јавноста, вината е исклучително кај нив затоа што не беа спремни да прават реформи, затоа што не беа спремни да се изборат со криминалот и корупцијата.

Затоа што тие се срцето, тие се врвот на криминалот и корупцијата во Македонија и затоа оставка веднаш за да не е предоцна. Оставка заради овој ваш глас, продолжуваме по македонските улици, по македонските градови и села, продолжуваме заедно по плоштадите, се додека не поднесат оставка.

Оставка е единствено решение за оваа криза која што ја зафати Македонија.

Да сте здрави и живи.

Да ни живее Македонија и заеднички да издржиме во оваа битка.

 

Последни новости