fbpx

Говори

Време е да си ја вратиме државата во рацете на народот, а осудените криминалци кои ја распродаваат Македонија да се најдат пред лицето на правдата

 

          Пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!“ порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на учици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја.

          „Човекот кој што ја има окупирано фунцијата Премиер е докажан криминаалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава се, преговараат за Гоце, за државата, за се што е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото“, истакна Јанушев.

          Од пред влада пратеникот Јанушев им порача дека правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сетоа ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата.

          „Единствениот стандард кој што го воспоставие во овие неколку години нивно владеење е само крадење и лажење. Единствената вредност за која што знаат да зборуваат е како да прифатиме нечии други вредности, заборавајќи на нашите традиционални македонски вредности, за оние вредности кои што генерации и генерации се бореле.“, рече тој.

          Да, сакаме во Европа, сакаме во Европската унија, но европските вредности, вели Јанушев, се демократија, владеење на правото, борба со корупцијата, а за сите овие работи овие во Влада преставуваат антипод на тие вредности.

          Тој ги повика сите граѓани да се придружат на секојдневните протести, затоа што еден единствен човек е непријател на Македонија и македонскиот народ и и на сите оние кои што живеат во Република Македонија, тој човек има име и презиме и се вика Зоран Заев.

          Време е, порача Јанушев, да си ја вратиме државата во рацете на народот.

Последни новости