fbpx

Говори

За историјата, културата и културното наследство нема компромис, тие имаат вековна традиција

Јелена Жугиќ на  денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни работи зборуваше за целата ситуација која и се случува на Република Македонија во врска со Бугарија. Според неа за се виновен е Зоран Заев.

-Кој си ти да уриваш, што ти си изградил за да уриваш каков изрод си ти, една дупка да отвориш и цела дупка паѓа. Наше е да го поправеме наследеното, не да менуваме, ги знам јас тие кои те натераа да го правиш ова и тие не доаѓаа да видат кој сме туку да покажат кои се тие. Се сеќава кога се роди син ми, јас си помислив господе ова дете нека го сочува овој наш свет дом, ама не излезе така не ни е Европа виновна, Европа може да зборува што сака ние не мора да и веруваме, верност немаме кон себе, не се сеќаваме на минатото, не се сеќаваме на иднината, а иднината  е во наши раце, рече таа.

Жугиќ во своето обраќање укажа дека за историјата, културата и културното наследство нема компромис и потенцира дека ние сме македонци кои зборуваат македонски јазик.

-Да ви кажам нешто и за македонците, тие се трудољубив, образовани и снаодливи, тие не се тврдоглави ни вообразени и знаат за мерка во се,  за секоја тешкотија сакаат мирен и споразумен пат да најдат, умеат да чекаат и да гледаат. Доста се тие лаги и злоба nе за компромиси со историјата, ние сме македонци и говориме на македонски јазик. Македонскиот јазик, и култура и културното наследство имаат вековна традиција, додаде таа.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости