fbpx

Говори

Сите заедно да се сплотиме против Заев и да победи Македонија

 Соопштение до јавноста

Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“  посочи  дека од Министерството за надворешни работи се скриени и немаат одговор за главните прашања за Mакедонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја.

- Ова не е партиски протест ова е македонски протест затоа сакаме да ги повикаме сите граѓани независно од која партија се да дојдат да ни се приклучат. Оваа борба, оваа битка не е суво политиканство, оваа борба се вика Македонија .МНР  треба да ги штити македонските национални интереси каде едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја токму така како што кажавте изгледа кичмата ја наведнаа. Дали гледате дека некоја бугарска телевизија и медиум треба да дојде за да сфатиме сите што Зоран Заев преговара зошто македонските медиуми не може да дознаат. Гледаме дека целата влада е скриена , скриени и се и не коментираат за овие прашања зошто е оставено се на Зоран Заев  да распродава, истакна Мисајловски.

Мисајловски во своето обраќање укажа дека сите заедно треба да се сплотиме против непријателот Заев и Македонија не победи.

-Сакам да ве замолам сите со еден голем аплауз во градовите каде се протестира и кои се на улиците, секоја чест има луѓе кои си ја сакааат Македонија, ниту не им е важна политичка кариера ниту им е важно што било освен македонската правдина, а на таа македонска правдина  треба сите заедно да се избориме и да добиеме . Затоа оваа парола која гласи „Оставка за Заев, слобода на народот“, за слобода на народот ние треба сите заеднички да се сплотиме против овој непријател кој секој ден излегува лаже по телевизии и се додворува на странските држави.Затоа денеска во 15 града ќе протестираме и ќе ги затвориме улиците и само така оваа битка ќе ја добиеме. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде со народот на улицата  и само така ќе ја имаме победата, затоа да не се предаваме и остануваме сите заедно додека Заев не се повлече и не победи Македонија, додаде Мисајловски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости