fbpx

Говори

Никој не му дал мандат на Заев да преговара за Македонија и македонскиот народ

Интегрален текст од обраќање - Проф. д-р  Михајло Миновски

Ќе започнам со она што сметам дека е сега најважното и најнеопходното, а тоа е да го повикам претседателот на владата  и министерот за надворешни Бујар Османи, веднаш и неотповикливо да  ги прекинат преговорите со Република Бугарија. Никој не им дал мандат тие да преговараат, односно да водат политика со Македонија и со македонскиот народ.

Ги повикувам колегите од комисијата на владата, историчарите и другите, односно двете комисии веднаш и неодложно да поднесат оставки, затоа што во науката не е дозволено да се преговара и договара за историското минато, за македонските револуционери, за македонската државност и за македонското свето име.

Доколку тоа не го направат, ние мнозинството од македонските историчари и интелектуалци, ќе ги сметаме дека тие не се македонски историчари, туку бугарски историчари од Македонија.

Уште нешто многу поважно што може да направи претседателот на владата е веднаш да се откаже од оној антимакедонски договор со Република Бугарија за наводно добрососедство и пријателство и соработка, тоа не е ништо во суштина, туку буквално антимакедонски договор. Не може владата од позиција на власт да ја менува македонската историја, да ги искрвари светите спомени на македонските револуционери и борци, да ја деградира македонската држава, од национална држава, унитарна на македонскиот народ во протекторат на соседните држави. Затоа според обврските што ги преземал со двата договори, со Република Бугарија и со Република Грција, нашите соседи имаат право да го уредуваат внатрешното уредување на земјата и истовремено да ги определуваат и нашето историско минато и нашата сегашност

Според тоа, ако реално се читаат двата договори, укината е македонската држава, сега имаме држава протекторат на соседните држави, дури и на меѓународната заедница. Затоа ако владата не најде сили да се сообрази со волјата на македонскиот народ, очекувам тогаш македонски народ да ги преземе работите во сои раце

Ви благодарам на вниманието.

Последни новости