fbpx

Говори

Вие ја создадовте олигархијата во Македонија, го осиромашивте народот и ја клекнавте државата на колена

Дарко Костовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска на вториот ден од собраниската седница за избор на нов владин кабинет, пратениците од СДСМ им порача дека секогаш кога тие биле на власт забрзано со деструктивни политики ја разнебитуваат Република Македонија како на национален така и на економски аспект.

-Пред нас е избор на влада која системски која како по книга ги урива темелите на Република Македонија, во последните три години со засилено темпо, но и многу порано т.е секогаш кога биле на власт во Македонија луѓето од СДСМ. По редоследот на нештата се плашам дека во период пред нас уште повеќе ќе забрзате со деструктивните системски политики за разнебитување на Македонија, како на национален така на економски правен одбранбен аспект, вели Костовски.

Костовски истакна дека СДСМ ја создаде олигархијата во државата, создавајќи класно раслојување со крадење на сиромашниот народ а богатење само на неколкумина.

-ДУИ не очекувам нешто посебно да се грижи за македонската држава. Во политиката сакам да сум реален и да се водам по природни принципи, но она што е многу пострашно е тоа што уште помалку е природно СДСМ да се грижи за Македонија, рече тој.

Вие ја создадовте олигархијата во Македонија. Вие успеавте да го создадете првото сериозно класно раслојување со крадење на така сиромашниот народ и трупање на богатство само кај неколкумина. Успеавте да ја спроведете најлошата транзиција во овој дел на Европа, изјави Костовски.

Костовски порача дека елитата има свое име наречено СДСМ, како и дека во изминатите три години од главниот град направиле криминален град.

Во Македонија елитата има свое име тоа е СДСМ, рече Костовски и додаде:

Луј Витон социјалдемократски бренд не оди левичар со овој светски бренд но едноставно во случајот ви прилега. Во изминатите три години Скопје го направивте како филм со Алфонсо Капоне, рекет , криминал, изнуди и еден куп нерешени улични филмски, меѓу автомобилски престрелки, кои не само пукачите туку во опасност ги доведуваат и случајните минувачи.

Последни новости