fbpx

Говори

Се обврзуваме на директен удар на "зелената мафија" што е во директна координација со семејството на Заев и ви го цица трудот, семејство кое е во заминување и кое ќе одговара по 15-ти јули

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Александар Николоски ги повика жителите на Валандово да се обединат и масовно, референдумски да излезат на 15-ти јули и заеднички сите да кажат стоп за Зоран Заев и оваа бандитска власт. Да ги направиме промените и да почне обновата на Македонија, порача Николоски.

-Промените ќе дојдат брзо. Се обврзуваме на најмалце три странски инвестиции во првите 100 дена од формирањето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Се обврзуваме на директен удар на "зелената мафија" која што ви го јаде и цица трудот. Не смееме да дозволиме трудот на земјоделците да биде изеден. Се обврзуваме на помош за обработка на земјоделски производи на конзервна индустрија и производство на финални производи. Пред некој ден тука во Валандово испив еден многу убав сок од калинка. Тоа треба да го стимулираме, такво производство. Се обврзуваме на праведна цена на тутунот. Како и укинување на законот за тутун, со кој што се дозволува увоз на тутун во Македонија и со кој што се направи да тутунот остане неоткупен, а тоа што се откупи да е по екстремно ниска цена. Тоа е тажната вистина за македонскиот земјоделец, уценет, понижен од "зелената мафија" која што е во директна координација со семејството на Зоран Заев, со семејството во заминување и ќе одговара по 15-ти јули, рече од говорницата Николоски.

Исто така тој пред валандовчани искажа загриженост поради белата чума и вети дека тоа мора да биде сопрено. Мора да се стави крај на напуштањето и иселувањето на целиот регион.

-Печалбарството тука е традиција, но многу се интензивира во последните години. Луѓето си одат поради економски причини, но и бидејќи нема ред. Си одат затоа што нема правна држава и нема систем. Не е средено образованието, нема добра здравствена заштита, нема сигурност, нема извесност. А гледаме пак, од друга страна како Заев и неговите пајташи и неговото семејство како го покрадоа народот и си купуваат најнови модели на Мајбах, на Бентли, Поршиња, кабриолети и така натаму, додека народот страда и едвај врзува први со први. Тоа е тажната вистина за Македонија на која што мора да ставиме крај на 15-ти јули со масовна излезност која што ќе значи почеток на промените во Македонија и почеток на обновата на татковината, порача Николоски.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости