fbpx

Говори

Мицкоски од Пласница: Точно знаеме како до 25 % повисока просечна плата во еден мандат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Пласница порача дека ова не се обични избори, ова се избори во кои многу внимателно треба да заокружиме за онаа коалиција која ќе ни гарантира и ќе не убеди каква иднина сакаме да имаме, во каква држава сакаме да живееме. Амбиентот во кои се случуваат овие избори е многу поразличен од вообичаениот амбиент кога се случуваат парламентарните избори. За мене не постои дилема туку на 15 рано наутро ќе излезам и ќе заокружам пред редниот број 14 затоа што се одлучува за иднината на мојата земја за иднината на моите два сина но се одлучува и за иднината на мојот народ на сите кои живеат во оваа наша преубава татковина Македонија.

          Убеден сум во овие 360 страници наречени проект Обнова кои се внимателно направени. Главен приоритет во нашата програма е економијата јас сум апсолутно свесен секаде каде ќе поминете низ Македонија луѓето ќе видат политичар прво што им доаѓа на памет е дека Сега овој дојде да лаже да го подржиме и после да краде. Така завршуваат сите разговори во Македонија затоа што 30 години тонеме во ова политичко мочуриште кое за жал генерации политичари не го убедија нашиот народ да го убедиме во спротивното. Јас сум убеден дека по 15 јули и овие што не веруваат во тоа ќе се убедат дека можело поразлично, дека има политичари кои стојат до зборот. По 15 јули политичарите ќе ги слушаат граѓаните а потоа преку проекти ќе ги решаваат проблемите. Политичарите се ништо повеќе од обични чиновници платени со народни пари. Заврши времето кога политичарите се елита во државата, истакна Мицкоски.

          Христијан Мицкоски заклучи дека овие последни 3 години се најлоши. Не ги амнестираме ни грешките што во претходните влади ги правеше ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше многу добри работи. Но ние учевме од нашите грешки. Внимателно го слушав секој еден од вас внимателно слушав што ме мачи што ве тишти и кога ќе ја добијам можноста да не ги повторувам тие грешки. Од тие грешки да извлечам поука и да се корегирам како претседател и да ги поучам луѓето што ќе бидат во парламентот и што ќе вршат одредени функции да не ги повторуваат истите тие грешки. Учевме овие 30 месеци, не беше лесно имаше многу критика но како велат критика од татко мајка брат сестра не боли туку те прави посилен.

          Тука пред вас ви велам дека овие 4 години мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до најмалку 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат. Само за илустрација нашиот политички противник во 2016 ветуваше живот па 30.000 денари просечна плата и што ли уште не. Во април оваа година просечната плата е 25.800 денари. Во мај 2017 година пред точно 3 години кога ја преземаа владата просечната палта беше 22.800 денари. Со сиот интервенционизам со целата репресија што ја прават врз работниците и работодавачите успеаа само 3000 денари да ја зголемат просечната плата. Да ве потсетам претходната вада од 12.000 денари просечната плата ја зголеми на 22.800 денари и тоа без владин интервенционизам туку со раст на продуктивноста и извозот, вети Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

          Сега ќе го видите Заев како ја става раката на срцето и ќе ви вети 34.000 денари, а заборавил претходно што ветувал. Него му требаа 3 години за да ја зголеми платата за 3.000 денари, а сега за 4 години мандат ќе ја зголемеле за 9.000 денари. Ете тоа ќе биде новото ветување на Заев. Но убеден сум во мудроста на граѓаните. После 10 години за прв пат не може да излезете Европа зошто ни ја затвори границата поради пандемијата. Од пред некој ден не можеме да ја напуштиме државата. Нема безвизен режим сето тоа било попусто поради неспособноста на овие политички измамници ние денес сме на дното на Европа, предупреди Мицкоски.

          Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата сега и градовите се празни. Немате со кого здраво да направите. За земјоделците се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп и за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем. Коа ја составувавме програмата во здравството со академик Кедев и доцент доктор Николов многу време посветивме како таа да изгледа. Заедно со професор Силјановска, Каракамишева, Спасеновски, Климовски, и со професор Славески, Андреевски, Лазаров со многу претставници на реалниот сектор. Како да имаме универзитет во првите 1000 во светот. Ние чуда не ветуваме не сме волшебници тоа е невозможно, им се обрати Мицкоски на жителите на од Општина Пласница.

          Маестро Дурловски е човек кој е сакан дома а почитуван надвор од Македонија. Пред неговите изведби без зборови останува публиката во западно европските земји Америка, Канада, Австралија. Човек што си ја љуби Македонија. Кој си ги почитува соседите, граѓаните. Затоа заокружете го бројот 14, истакна Мицкоски.

Последни новости