fbpx

Говори

Николоски: Ќе донесеме закон со кој ќе се испита потеклото на имотот на Заев и таквите како него

Значаен дел од нашата програма зазема делот за владеење на правото и првана држава. Трет ден по ред Заев бега да одговори. Имаме проект кој што се вика испитување на капиталот и богатството на сите политичари и јавни личности во изминатите 30 години. Пред неколку месеци претседателот на нашата партија и идниот премиер Христијан Мицкоски ова го презентираше јавно, сега е дел од нашата програма и ќе го спроведеме. Трет ден го повикувам Зоран Заев ќе го повикам и одовде да каже дали е во можност да го докаже потеклото на неговиот личен капитал и богатство и потеклото на богатство на неговото семејство кое што во 18 години колку што е Заев вкупно на функција стана најбогато семејство на Балканот, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски на денешниот митинг во општина Новаци.

Николоски вети сериозен удар врз зелената мафија која што е во директен сојуз со Зоран Заев како и отворање на мали и средни претпријатија кои ќе вршат откуп на земјоделските производи.

Слушам дека цената на пиперката овде е исклучително ниска, како што слушам дека цените на праските ќе почнат да се спуштат, како што знам цената за крставицата веќе е стигната на 5 денари за килограм, за житото, за пченицата кое што доаѓа за жетва не сакам ниту да помислувам каква ќе е цената, веројатно за комбајн нема да може да се извади а камоли повеќе. Тоа е тажната слика за македонскиот земјоделец, притиснат од зелената мафија  која што е во сојуз со Зоран Заев и неговото семејство. Ветуваме директен сериозен удар врз зелената мафија за да може да се отвори тој простор и да се отворат што повеќе мали и средни претпријатија кои што ќе вршат откуп на земјоделските производи, рече носителот на изборна единица 4 Николоски.

Пред присутните Николоски порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ обнова за Македонија ќе донесе 1 милијарда и 200 милиони денари за таканаречени риволвиг бескаматни кредити кои што ќе бидат за отворање на откупни центри кои ќе овозможат загарантирана откупна цена, 50 проценти поддршка за купување на механизација, како и подигнување на нови насади и за возобновување на веќе постојните насади, субвенции и нивна навремена исплата, како и привлекување на домашни и странски инвеститори , пред се во делот на преработувачката индустрија, истакна Николоски.

Во нашата програма ветуваме дека на располагање ќе се стават околу 1 милијарда и 200 милиони денари за таканаречени риволвиг бескаматни кредити односно обновливи кредити за сите оние кои што ќе ги подигнуваат со цел да можете вие, можеби вашите деца, можеби некој што има интерес да отвори откупен центар. Овие средства треба да овозможат загарантирана откупна цена, навреме исплата на средствата и достоинство за секој еден од вас. Тоа го ветуваме тоа ќе го реализираме. Понатаму 50 проценти поддршка за купување на механизација, како и за подигнување на нови насади и за возобновување на веќе постојните насади. Силна битка со зелената мафија во делот на продажба на расад и на ѓубрива. Не може ѓубривото во Македонија да е двапати поскапо од Србија. Не може во Србија кој сака од каде сака да купи во Македонија да има неколку фирми со лиценци да се богатат на вашиот грб, тоа  е против пазарното стопанство, тоа е против пазарната логика. Понатаму субвенции секоја година и редовна исплата и она што е најбитно за целиот овој крај понатамошно привлекување на домашни и странски инвеститори , пред се во делот на преработувачката индустрија, за да оди цената на млекото нагоре, за да оди цената на житото нагоре, за да имате подостоинствен живот, да стигне цената на млекото барем 19 денари, со субвенција 21 или 22 денари, да можете чесно да живеете од својата мака и од својот труд, кажа Николоски.

https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/1271901879827647

Последни новости