fbpx

Говори

СДСМ, Заев и останатата рекетарска банда се отпеана песна, народот ќе одбере обнова

Денеска од Кочани се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 3 Игор Јанушев. Јанушев истакна дека Кочани е град со револуционерно и авангардно минато, со луѓе кои заслужуваат посветла и попросперитетна иднина за сите нас, за нашите деца и сите идни поколенија.

Јанушев вели дека од СДСМ не очекува фер и демократска кампања. Не го очекува тоа затоа што СДСМ и Зоран Заев се нервозни бидејќи знаат дека губат и токму таа нервоза ја прави кампањата нефер и недемократска.

 Нема друга земја во Европа каде власта ја започнува кампањата со бомба фрлена на имотот на потпретседателот на најголемата партија. Нема друга европска земја каде власта со законски декрет сака да ја збрише опозицијата од медиумите, нема друга држaва каде власта дели пакети поткуп.

 Ова го прават не затоа што се силни, туку затоа што се слаби и уплашени од пораз.

 Јанушев потенцираше дека овие 20 дена ќе бидат финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот и превземање на контрола врз нашите судбини.

 Овие луѓе владеат со уцени, измами и криминал. Држава во која првиот човек е амнестиран рекетар, а неговите директори ги гледаме со туциња пари со мито. Ова мора да престане.

 СДСМ, Заев и останатата криминално-рекетарска банда се „испеана песна“.

 Носителот на ИЕ3 Јанушев дека програмата насловена како „Проект Обнова“ се обрвзува на подобар живот.

ВМРО-ДПМНЕ располага со кадри кои можат и знаат како тоа да го направат. Само со работа и труд ќе си го вратиме достоинството кое сега ни е погазено повеќе од било кога.

 Граѓаните знаат дека 15 јули е тој датум, кога со пенкало во рака, на демократски начин ќе  заминат во пензија сите погубни политичари и еднаш за секогаш ќе раскрстиме со застарените политки.

 Мораме да си го вратиме достоинството.

 ВМРО-ДПМНЕ силно и посветено ќе работи на враќање на македонското национално достоинство. Никој од надвор нема да дојде и да ни ја заврши работата што сами треба да ја завршиме.

 Секој од нас заслужува подобри услови за живот. Тоа можеме само заедно да го постигнеме. Заедно, обединети чекориме кон Обнова на Македонија!

 Јанушев потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ обврзува да работи за доброто на сите! Од тоа не смее и нема да има отстапки.

 Македонија е наша татковина и таа заслужува да биде достоинствена држава која рамо до рамо со останатите држави ќе напредува на секое поле.

 ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија” се обврзува на:

▪    Повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите,

▪    Повисоки пензии за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер,

▪    Намалување на невработеноста под 10%,

▪    Враќање на Рамниот данок и негово намалување на 8%,

▪    4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за 4 години,

▪    Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта,

▪    Изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава,

▪    Енергетска обнова на домовите на граѓаните со тоа што ќе овозможиме секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата,

▪    Природен гас за секое домаќинство со бесплатен приклучок за сите,

▪    Поголеми плати за 2,5 пати за професорите и наставниците, 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45.000 плата за асистентите на факултетите,

▪    Изградба на национална мрежа на 4 нови клинички центри – нов клинички центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8 септември“, Универзитетска клиничка болница во Штип и Универзитетска клиничка болница во Тетово.

Покрај погоре наведените проекти, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и на:

 -  Завршување со изградба на експресен пат Штип-Кочани

-  Изградба на когенеративни постројки на гас за добивање на електрична и топлинска енергија во Кочани

- Стимулирање на инвестиции во модерни туристички велнес, спа и здравствени центри, преку промоција на можностите за инвестирање пред домашните и странски компании. Фокусот ќе биде ставен на привлекување на инвеститори во региони во кои постојат наоѓалишта на термоминерална вода, меѓу кои е и Кочани.

-Изградба на когенеративни постројки на гас за добивање на електрична и топлинска енергија во Кочани

-Спроведување целосна ревизија на постапките со кои беа одземени ловишта во изминатиот период од 4 години во ловниот реон Кочани.

-Изградба на Центар за физикална медицина и рехабилитација на болни во с. Бања, во близина на Кочани, кое е на локалитет со природни извори на геотермални води до 2024 година.

- Изградба на нови детски градинки со кои ќе ги зголемиме капацитетите. Ќе се отворат детски градинки во и во Кочани

 Јанушев порача дека не сме сите исти, ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од сите други!

Да престанеме да сонуваме и да почнеме да го градиме сонот, да почнеме да живееме како луѓе, како горд народ, да бидеме со подигната глава и исправена кичма.

 Ви ветуваме работа, извесност и иднина.

 Изборот е помеѓу измама и обнова, помеѓу безидејност и концепт и стратегија, помеѓу криминал и чесност, изборот е помеѓу Заев и Македонија.

 Токму затоа – „Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“

 Да сте здрави и живи, да ни е вечна Република Македонија!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости