fbpx

Говори

Се обврзуваме на редовна исплата на субвенциите и олеснет пристап до ИПАРД фондовите

Генералниот секретар, Игор Јанушев и носител на изборната единица  3  при средба со граѓаните во Зрновци најпрво упати апел до граѓаните  да се придржуваат до пропишаните мерки со цел да го сочуваат сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.

-Драго ми е што денеска сум меѓу вас, во победничко Зрновци во вмровско Зрновци каде што ќе имам прилика да дадеме дел од нашата програма која носи обнова, обнова која сите толку долго ја чекавме. Програма со која  СДСМ на чело со Зоран Заев ќе пратиме во политичка пензија, затоа што веруваме дека народот ќе ни ја даде довербата на 15 јули, довербата со која што буквално ќе издвојуваме една огромна победа со најмалку двоцифрена разлика. На 15 јули ќе им кажеме крај на луѓето што ни ја украдоа надежта за подобро утро и ги  натераа младите да си заминат од тука, па сега сите помали места, како и Зрновци,  се празни како никогаш до сега. Токму затоа е важно да се гласа  на 15 јули, да се гласа каде што ќе ги казниме сите погубни политики на СДСМ и Заев каде на еден демократски начин ќе и кажеме збогум на сите штетни политики  и на сите политичари од колот на Заев и останатите бидејќи тие предводени од Заев, амнестиран рекетар не се ништо повеќе од една криминално-рекетарска банда, истакна генералниот секретар.

Јанушев од Зрновци порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на многу работа и дека се обврзуваат дека  ќе работат  за повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, повисоки пензии за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, намалување на невработеноста под 10%, исто така огромен  акцент да се стави во образованието затоа што сметаат дека  преку мотивиран наставен кадар можеме да се подобри образованието.

-Но она што е најбитно за граѓаните кои живеат во Зрновци и Чешиново-Облешево и во кочанско  се обврзуваме на редовна исплата на субвенциите, на олеснет пристап до ИПАРД фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло.

 Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади; Набавка на добиток од основно стадо. Ќе бидат поддржани инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за: Калибрирање и пакување на производите; Мали винарски визби; Мини млекарници (сирењари) и мандри;  Мини погони за преработка на месо. Ќе биде поддржана изградба и опремување на капацитети за разладување, пакување и чување на земјоделски производи, за замрзнување и сушење на овошје и зеленчук .И уште многу други проекти за развој на земјоделието и за помагање на земјоделците, порача Јанушев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости