fbpx

Говори

Обновата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе повисок стандард за граѓаните, повисоки плати за 25% и реализирани над 1000 проекти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Кавадарци од каде што истакна дека денеска во Македонија сите граѓани живеат мачна и сурова реалност, тие се безнадежни и многумина ја имаат изгубено вербата во системот, а својата среќа си ја бараат надвор, но тоа после 15 јули станува минато бидејќи доаѓаат политичари кои имаат визија, знаат како се работи и ќе ја обноват Македонија.

Мицкоски истакна дека СДСМ и Заев во три години апсолутни ништо не сработија, па затоа мора прво да излезат со лажен слоган дека можеле, а потоа бидејќи не можат да си го сменат карактерот и да земаат туѓо, посегнаа по слоганот за обнова на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нека ја користи обновата затоа што навистина победува обновата и после 15 јули ќе ни се случи обновата. Сакам да му порачам од овде од Кавадарци дека нема да го заборавиме разурнувањето овие три години и оваа тригодишна пандемија предизвикана од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Ден по ден ќе ги анализираме дел по дел ќе ги анализираме и гледаме сите работи и сите злодела  кои што ги направија, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ и Заев имаа три години доволно време тоа што го ветуваа во 2016 да го исполнат, но не можеа да се одделат од кожните фотелји во министерствата и да излезат помеѓу народот и да поразговараат  да го слушнат народот што го мачи и што го тишти.

- Тие можеа како сите други европски земји поинаку  да се справат на поинаков начин да не зборуваме денес ние за оваа пандемија можеа ама не сакаа. Поважен им беше нивниот луксуз поважни им беа привилегиите нивниот хедонизам нивниот комфор во кабинетите и најважно од се по  неколку часови да беседат со микрофонот во рака да кажуваат колку се тие способни  колку тие знаат. За жал ние денеска ако сакаме да ја напуштиме Македонија и да посетиме некоја европска држава ќе треба да поминеме во таа европска држава две недели карантин. Зошто  затоа што сме на дното. Затоа што сме на дното во Европа, изјави Мицкоски

Тој истакна дека СДСМ можеа ама не ги исполнија ветувањата за 500 евра просечна плата за повеќе домашни и странски инвестиции, за зголемен стандард на пензионерите на вработените, а единствено што можат е да лажат и да крадат.

- Никако не можат да обезбедат вистинска и достоинствена иднина за нашата држава и нашите сограѓани. Можеа да донесат правда и мир како што ветуваа, а каква правда донесоа, донесоа куферчиња во Луј Витон обвинителството и „трас трас’ пресуди. Си играа со Уставот и со законите. А  каков мир прашајте ги оние родители на оние дечиња од Смилковско каков немир чувствуваат со години во нивната душа, прашајте ги роднините и блиските на Мартин Јанушев, Мартин Нешковски, прашајте ги родителите на Кољо како тие се чувствуваат, а им ветуваа дека тие ја знаеле вистината, за да првата работа што ја направија во 2017 ги ослободија злосторниците од Смилковско, денеска тргуваат со затворениците од Диво Насеље мислејќи дека на тој начин ќе добијат гласови, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ  донесоа немир во душите на Македонецот кој што денеска како никогаш порано во историјата не се чувствува попонижен и граѓанин од втор ред во сопствената држава.

- Но 15 јули е денот кога треба масовно да им го покажеме вистинското место на овие лажливци. Доста си играа со нашата чест, доста не понижуваа, доста не распродаваа, делеа и парчеа. Можеа да направат подобар живот,  наместо лажно да ветуваат инвестиции од типот на Гугл, Фејсбук и помалку шеретски да најавуваат автомобилски гиганти мислејќи на Фолксваген, рече Мицкоски

Мицкоски истакна дека СДСМ цели три години тргуваа преку „трас трас“ судски одлуки, уценуваа во името на правдата.

- Ние нема да чекаме три години, туку ние ви ветувам господа од СДСМ дека во првите 6 месеци секаде онаму каде што има основа за сторен криминал и корупција ќе одговарате, нема да чекаме 6 месеци, веднаш од првиот ден, истакна Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку програмата Проект Обнова со над 1000 проекти, се обврза на  повисок стандард со зголемени најмалку 25% на платите, зголемен стандард за пензионерите, со најмалку 20% на нивните пензии и враќање на старото законско решение, повеќе од 1000 километри патишта и најмалку еден Универзитет  во првите 1000 на Шангајската листа, а за секој работодавач за млад човек до 29 години нема да плаќа данок при прво вработување, а се обврза и на рамен данок од 8% најнизок во Европа

- Нема да имаме криминални иновации, ќе имаме вистински стимул за претприемачите,  намалување на царинските давачки, тоа е она на кое што ние се обврзувам. Најмалку 640 милиони евра во еден мандат субвенции за земјоделците  и редовен пласман на родот, да не ни се случува како во Ресен да ги сечат јаболкниците, да не ни се случува во Пијанец и Малешевијата да ги истураат сливите, Пелагонија да остане необрана, да не ни се случи праските и кајсиите да се истураат во Росоман, а раноградинарските култури да останат  на нивите и да не се случи лозарите да бидат незадоволни, изјави Мицкоски

Мицкоски истакна дека е доста распродавање на честа достоинството и македонштината. Додаде  дека за Гоце Делчев нема преговарање бидејќи Гоце Делчев е нашата светост и ништо нема да ја натера владата на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од тоа Гоце Делчев да биде Македонец ниту ќе се откаже од македонскиот јазик

Мицкоски за крај пред кавадарчани се обврзува на чесна и честита работа и дека сето она кое што е напишано во проектот обнова сето тоа ќе биде исполнето, секое ветување ќе биде исполнето, а ќе даде се од себе и повеќе од тоа. За да се исполни тоа тој ги повика на 15 јули масовно да се излезе и да се поддржи Александар Николоски и обновата која ја носи ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.youtube.com/watch?v=v4t1mE1gOq0

Последни новости