fbpx

Говори

После 30 години ВМРО-ДПМНЕ опстојува цврсто на основните стојалишта за напредна, праведна и економски силна држава, со среќен и достоинствен народ

Видео обраќање на Дафина Стојаноска, Носител на листата за пратеници во Изборната единица 6. 

Eдновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена Македонска држава. Првиот чекор во создавањето на ВМРО го направија група македонски интелектуалци во есента, далечната 1893 година. Борбата за самостојна македонија продолжи и во периодот на стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20. век.
Тогаш, по основањето на 17 јуни 1990 година, новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка сила која отворено се залагаше за одделување на македонија од Југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање на македонската држава, што денес во Република Македонија стана реалност.
И денес, после 30 години ВМРО-ДПМНЕ опстојува цврсто на основните стојалишта за напредна, праведна и економски силна држава, со среќен и достоинствен народ.
Отсекогаш идејата била ѕвезда водилка на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е идејата за величествена  Македонија!
Среќен роденден, ВМРО-ДПМНЕ!
Нека е вековито ВМРО-ДПМНЕ!
Нека ни е вековита Република Македонија!

https://www.facebook.com/StojanoskaDafina/videos/312781356549560

 

Последни новости