fbpx

Вести

ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на изборите

 

Интервју за ТВ Сител денес имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на избори убедливо ќе го победи СДСМ кога и да се случат.

Не е воопшто во прашање мојата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, јас јасно сум кажал мојот став и мојот мотив зошто најпрвин се кандидирав да бидам претседател на најголемата политичка партија, каква историја ќе оставам позади себе, сега или некогаш, тоа воопшто не е под знак на прашање, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тој се обидува да го пренесе она кое што народот го очекува во Македонија, а тоа е зрелост и одговорност.

Инаку ние со вакви политиканства и пи-ар совети кои што им ги даваат сега за неговата фотелја, воопшто нема далеку да стигне. ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ и тоа им го кажав вчера на лидерската средба. ВМРО-ДПМНЕ не се плаши. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го порази СДСМ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потсети дека нема да оди на избори ако е цената на човечки живот. ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори кога ќе стивне оваа пандемија и кога нема да биде загрозен животот на граѓаните на Република Македонија.

Последни новости