fbpx

Вести

Доста со датите за избори, дајте да зборуваме за заштита на здравјето на граѓаните

Во своето гостување во вестите на телевизија Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш апелираше да се престане со лицитацијата на можни датуми за избори, бидејќи заштитата на здравјето на граѓаните мора да биде приоритет.

-Затоа јас апелирам до сите политичари во државата, достате со датите, доста, престанете да лиферувате дати. Ајде да седнеме сериозно да ги антиципираме сите можни рицизи кои што може да се појават на овој пат па дури тогаш можеме да зборуваме за дати, посочи тој.

Мицкоски истакна дека само денес во Македонија имаме 22 нови случаи на коронавирусот 2-ца починати од истиот, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба кај Пендаровски на која ќе се зборува за предизвиците со кои се соочува државата при оваа пандемија, пред се и над се здравствената состојба.

-Додека го давам интервјуто и додека зборувам за дати се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 кои што се инфицирани и нови двајца кои што го загубија животот. Но мојата работа е таква јас сум политичар и ова е политичка тема и ќе ми простат граѓаните што морам да давам одговори и на вакви прашања бидејќи поинаку не би можел да функционирам. Вчера се извинив кон граѓаните, потоа говорникот после мене Зоран Заев се обиде сето тоа да го вулгаризира на начин дека јас сум барал политичка средба кај господинот Пендаровски. И да јас се согласувам дека ја побарам, но ја побарав да разговараме за актуелната политичка стиуација во државата, економската, но пред и се, над се здравствената, вели Мицкоски.

Последни новости