fbpx

Вести

СДСМ не треба да го меша МВР со ДИК, за избирачкиот список се знае кој е одговорен

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес во „Отворено Студио“ посочи дека не треба да се брза со изборите. Не може веднаш по олабавување на мерки да се закажат избори. Треба период по олабавување на мерки да се увиди ефектот па потоа да се закажат избори

Повеќето лидери денеска на лидерската средба се изјаснија за датуми во другите месеци, единствено Заев беше за 21 јуни. Единствено Заев брои 22 дена преостанати. ДИК се изјасни дека му се потребни минимум 35 до 50 дена за да си ги заврши неговите обврски. Не 22 дена како што тврди Заев, појасни Стојаноска.

Стојаноска додаде дека СДСМ не треба да го меша МВР со ДИК. За избирачкиот список се знае кој е одговорен.

Не може МВР да гарантира, Оливер Дерковски како претседател на Комисијата се изјасни дека нема да стави потпис доколку Избирачкиот список навистина не биде прочистен. СДСМ во 2016-та двапати ги одложуваше изборите токму поради Избирачкиот список. Како сега ништо не пречи на СДСМ. Нема потреба од брзање, најмногу нема потреба од брзање заради состојбата, денес имаме тројца починати и 23 заразени, вчера 30 заразени и тројца починати. Јас не гледам каде има подобрување на состојбата, нагласи Стојаноска.

Стојаноска образложи дека не може во исто време да се олабавуваат мерките заради корона кризата и во исто време да се закажат избори. Треба период да се увиди ефектот од олабавувањето на мерките.

Последни новости