fbpx

Вести

Не може со ваква криминогена на власт да влеземе во ЕУ

Вечерва во „Отворено Студио“, Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во ЕУ нема Македонија да отиде со ваква криминогена влада. Ваква влада никој не сака.

СДСМ ги лажеше граѓаните дека штом се реши единствениот најголем проблем овде во Македонија влегуваат Google и Facebook. Па ЕУ, датум СДСМ го прослави, а не го добивме. Па зошто тогаш во октомври СДСМ се одлучи да се оди на избори. Затоа што не доби датум, нагласи Стојаноска.

Стојаноска додаде дека не било само името проблем, економијата подобро СДСМ да не говори, бидејќи руинира се во државата.

Не може со ваква криминогена на власт да влеземе во ЕУ. Не може, СДСМ проектираше најголем буџет досега виден во Република Македонија. Зошто? А, денес имаме 200 милиони евра дефицит во првите 4 месеци од годинава кога не била економската криза уште започната, нагласи Стојаноска.

Стојаноска посочи дека СДСМ нема долгот да го плаќа, за жал сите луксузирања на оваа влада ќе ги плаќаат граѓаните.

Последни новости