fbpx

Вести

ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на брзи избори поради здравјето на граѓаните, а се знае дека кога и да се случат Заев ќе изгуби

Денес во „Отворено студио“ гостуваше Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака избори сега, бидејќи се грижи за здрвајето на граѓаните. А, кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

„ВМРО-ДПМНЕ сака да се обезбеди фер и кредибилен изборен процес. И не бега од избори затоа што сме сигурни во изборна победа. Таа победа ќе се случи кога тогаш. Но ние се грижиме исклучиво за здравјето на граѓаните“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска истакна дека во однос на роковите тие секако се надминати. 60 дена рок според Уставот и законите, изборите да завршат. По распуштање на Собрание во рок од 60 дена треба изборите да се завршени. Но не се, тоа е факт. Поради тој факт и лидерите сега се состануваат.

„Единствено на Зоран Заев му одговараат брзи избори и тоа на 21 јуни. Зошто? За да не се соочи со револтот на граѓаните. Ќе го ризикува и нивното здравје само за да избегне од економската криза, па еве гледаме сега трет сет од мерки што се нуди. Повторно се популистички мерки. Зарем мисли Зоран Заев дека народот во Македонија ќе ги заборави сите негови нереализирани ветувања. И сега преку криза газејќи по лешеви сака избори. Но ВМРО-ДПМНЕ го става прво здравјето на граѓаните во прашање. Тоа е основната причина поради која ВМРО-ДПМНЕ не сака да оди на такви брзи избори кои што се единствено желба на Зоран Заев“, потенцира Стојаноска.

Стојаноска образложи дека 75% од граѓаните во Република Македонија не се заинтересирани за избори.

Последни новости