fbpx

Вести

Треба да се провери ефикасноста на мерките за борба против короната, заразата расте

Ако ние денеска ја гледаме состојбата со бројот на инфицирани и тие кои го губат својот живот, и ја спроедиме со онаа состојба кога се воведоа мерките ќе дојдеме до заклучок дека состојбата е букваллно идентична, а од овој заклучок можат надлежните да извлечат поука дали овие мерки биле оптимални, рестриктивни или либерални, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

Мицкоски потенцираше дека постојат многу дилеми, но за да ја цениме успешноста на мерките и справувањето со пандемијата, се анализираат во светот два столба, првиот е бројот на лица кои се инфицирани или го загубиле живот на милион жители и вториот е за жал падот на БДП.

„Доколку имаме рестриктивни мерки можеби бројот на инфицирани или тие кои недај Боже го загубиле својот живот ќе биде помал, но заради тоа пак падот во економијата ќе биде поголем. И обратно доколку имаме полиберален пристап тогаш можеби ќе имаме поголем број на инфицирани или што го загубиле животот, на сметка на тоа ќе немаме толку голем пад на БДП. Но за вториот пристап ни е потребно здравствениот систем да може соодветно да одговори.Најчесто се анализираат овие два столба и се носат оптимални мерки.“ – нагласи Мицкоски.

Последни новости