fbpx

Вести

Здравствената криза се продлабочува, за една недела имаме 170 новозаразени и десетина мртви од корона

На лидерската средба очекувам разум, трезвеност и свесност за реалната ситуација, ние за една недела од последната лидерска средба имаме 170 нови заболени и десетина луѓе кои ги загубија животите. Така што работите не само што не одат во позитивна насока, туку одат во спротивна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

„Очекувам да ги слушнам одговорите на алгоритамот кој што го усвоивме во минатиот состанок, а тоа се одговорите од комисијата за заразни болести, да видиме од седиштето на ОБСЕ и ОДИХР, и што мисли ДИК и на тој начин да го утврдиме првиот можен датум кога би можеле да се случат овие избори.“ потенцираше Мицкоски

Тој истакна дека очекува политичките партии да, се позиционираат со одредени датуми кога цениме дека здравјето на граѓаните најмалку ќе биде загрозено или недај Боже, да имаме еден човечки живот загубено.

Последни новости