fbpx

Вести

Пакетот мерки на владата е наменет дури за септемри, или владата се спрема тогаш за избори или ќе кршат закон и сега ќе прават поткуп на граѓаните

 Ако го анализираме она што денеска беше кажано од страна на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, можеме да дојдеме до заклучок дека денеска тој септември го проектираше како месец коога треба да се одржат изборите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Канал 5 телевизија.

„Ако го погледате првиот столб тоа се мерки коишто практично се насочени кон различни целни групи. Имајќи го предвид фактот дека на 30 мај завршува вонредната состојба, од 31 мај па во следните 60 дена ако имаат намера како што велат да ги одржуваат изборите во месец јуни стапува на сила Членот 8 а, од Изборниот законик кога вонредни плаќања кои не се предвидени со планот, не можат да се случуваат односно во тој случај практично собираат сите вонредни плаќања или тој кој ќе стави потпис на таква одлука автоматски прави кривично дело кое што Изборниот законик го третира како поткуп. Оттука го вадам заклучокот дека или денеска Спасовски го постави месец септември како можен месец за избори, или пак се лицемерни пред граѓаните ветуваат нешто што не можат да исполнат.“ истакна Мицкоски

Мицкоски додаде дека ако се погледне рокот на испорачување на првиот столб од трите од првиот пакет мерки, тогаш ќе се види дека месеците јуни и јули се опфатени, а не може тоа да се случи ако имаме избори заклучно со 60 дена од завршување на вонредната состојба.

„Затоа велиме дека ова е ништо повеќе од обид за поткуп на граѓаните. Доколку ги погледате останатите два столба ќе видите дека периодот на реализација е септември-декември, што значи дека во моментот ниту имаат јасен план, ниту, знаат ниту имаат намера да го испорачаат ветеното. Ако го слушавте прашањето на ресорниот министер на денешната прес конференција кога зборуваше за ставката 2.2 односно гарантирањето на државата за приватните компании самата таа призна дека во овој момент реализацијата на таа мерка е невозможна бидејќи Законот за јавен долг е јасен и таму не може државата да гарантира, за правни субјекти кои што не се опфатени со јавниот долг на државата.“ потенцираше Мицкоски

Тој нагласи дека овие пари ги немаат туку, ова се пари со кои треба да бидат задолжени нашите деца, внуци за да Зоран Заев и ова раководство на СДСМ се обиде да прави поткуп.

„Пред лидерската средба тие треба да одлучат дали датумот е септември, дали остануваат ако не биде јуни ќе биде крајот на годината или ова е уште една во редицата лаги и измами на Заев, Спасовски и СДСМ.“ рече Мицкоски

Последни новости