fbpx

Вести

Владата на СДСМ во време на пандемија доделува лиценца за одгледување на марихуана на синот на Боро Стојчев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 го запраша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов дали е информиран дека Владата на СДСМ во време на пандемија кога граѓаните ги губат своите работни места, доделува лиценци за одгледување на марихуана, а меѓу другите и на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село од СДСМ Боро Стојчев, кој беше осуден за шверц на цигари.

-Дали знаете дека вашата Влада во време на пандемија доделува неколку лиценци за одгледување на канабис?! Дали знаете која е едната лиценца?! ЕКО ЕНЕРЏИ-КОСМОС ДОО С. Зубово Ново Село. Дали знаете кој е управител на таа фирма?! Перо Стојчев, син на вашиот кадар кој што беше осуден за шверц на цигари, Боро Стојчев. Поентата ми е дека и во време на вонредна состојба, во време кога граѓаните не знаат како ќе се справат со целава криза, во време кога граѓаните остануваат без работен однос и немаат примања дома, вие како СДСМ и како Влада носите одлука за доделување на лиценца на фирма која што е блиска до СДСМ. Толку ви е дојдено до здравјето на граѓаните, заврши Арсовски.

Последни новости