fbpx

Вести

Заев сака брзи избори каде наместо гласови ќе броиме жртви од короната

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека на последната лидерска средба Зоран Заев наместо да води грижа за здравјето на граѓаните, тој лиферува со можни датуми за брзи избори, обвинувајќи го Заев дека наместо да брои гласови ќе брои човечки животи.

-Генерално тоа што се случуваше на лидерската средба кај претседателот Пендаровски го кажав и на изјавата после средбата. Како претседател на најголемата политичка партија предложив еден алгоритам. Но, она што беше за мене зачудувачки е фактот што од самиот почеток на таа лидерска средба Зоран Заев лиферува со датуми и цело време зборуваше за датуми, додека сите останати практично зборуваа за здравјето на граѓаните. За него здравјето на граѓаните беше второстепено, односно велеше 14-ти јуни па дури потоа споменуваше доколку Комисијата за заразни болести дозволи. И тоа навистина предизвикуваше вчудоневиденост кај останатите, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

Мицкоски посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш тој одбива да биде идниот мандатар на владата

Доколку цената е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш јас одбивам да бидам дел од процедурата и на тој начин да бидам идниот мандатар на владата, истакна Мицкоски.

Последни новости