fbpx

Вести

ВМРО-ДПМНЕ година дена наназад предупредуваше дека изградбата на модуларните болници не е според стандардите, а власта обивнуваше дека се шират лажни вести

 

„Прво, моето мислење е дека здравството, образованието, па дури и сите други сектори се дел од политиката, тие не се надвор од политиката. Второ, власта е глува кога има навремени критики. Вратете се наназад една година и вие ќе ги видите критиките кои што беа давани од опозицијата дека се сомневаме во начинот на кој што се изградени и дадени во употреба модуларните болници. Дека дел од нив се сомневавме дека се дел од некоја бизнис групација поврзана со еден поранешен вицепремиер во власта и министерот за здравство и дека се предадени во употреба без технички прием. Но, тогаш Владата обвинуваше дека опозицијата измислува лажни вести“,нагласи Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „200“ на АлсатМ.

Милошоски додаде дека ако власта тој период кога опозицијата предупредуваше и беше поразумна и ги провереше модуларните болници дали се изградени како што треба, денес немаше да се говореше за немилиот настан во Тетово што се случи.

„За жал се случи оваа катастрофа која што досега е мислам од најголеми размери, трагична во здравството во Македонија и поради тоа мора да се поднесе одговорност и морална, политичка, а се надевам и кривична. На кривичната одговорност и на истрагата според мене бидејќи учествува во донесувањето на одлуките не може да остане министер, министерот за здравство. Бидејќи истиот тој министер склучувал договори за изградбата на овие модуларни болници и би било најчесно во интерес на истрагата тој и заменикот министер за здравство можеби и други, не знам кои се биле актери вклучени во оваа операција за изградба на модуларни болници да не бидат веќе актуелни функционер“, рече Милошоски.

Милошоски потсети дека Македонија со оваа власт станува земја на лоши вести, на лош менаџмент.

-Македонија во регионот и пошироко е на прво место по број на починати лица од КОВИД-19. И за жал Македонија е меѓу ретките држави каде што системот изгледа не функционира добро и се случуваат вакви катастрофални трагедии, посочи тој.

Последни новости