fbpx

Вести

Ние сме Република Македонија, нашиот народ е македонски и зборува македонски јазик

 Вечерва во емисијата “Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој зборуваше за актуелните теми во државата како и за преговорите со Република Бугарија.

Во однос на преговорите кои нашата држава ги води со Бугарија, Мисајловски посочи дека во минатото всушност тој бил шеф на преговарачкиот тим кој ги водел преговорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека во неколку средби со експертите од страна на Р.Бугарија, тие истакнале желба за соработка, како и изнаоѓање на одредени решенија. Во однос на потпишаниот договор кој Зоран Заев го потпиша со Р.Бугарија, Мисајловски вели дека тоа е голем дебакл и срам за една владина гарнитура.

“Кога ВМРО-ДПМНЕ ги водеше тие разговори, секој разговор започнуваше со црвени линии кои ние веднаш ги дававме да ги имаат до знаење. Никогаш не станувало збор за заедничка историја со Бугарија, ниту пак јазик. Секогаш сме стоеле на ставот дека ние сме Република Македонија, нашиот народ е македонски и зборува македонски јазик. И никако поинаку”, вели Мисајловски.

Иако Република Бугарија имала намера го убеди преговарачкиот тим на Република Македонија да прифати славење на заеднички празници, заедничко чествување на одредени херои од минатото, сепак ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се согласило со тоа и остро реагирало на сите провокации и невкусни предлози, вели Мисајловски.

Ниту една влада нема мандат за да распродава национален идентитет. Тоа е света работа и никој не смее да посегне по тоа. Ниту еден политичар не смее да поседува таква дрскост и да вели дека Гоце Делчев не е македонец. Тоа е незамисливо, сите херои од минатото кои загинале за нашата татковина се македонци.

Последни новости