fbpx

Вести

Три години сме сведоци на лаги и неработење, но ќе дојде крајот на оваа расипничка власт

Вечерва во емисијата “Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на Изборната единица 2 на предвремените парламентарни избори Владо Мисајловски, кој се осврна зборуваше за актуелните теми во државата.

Мисајловски во однос на владината гарнитура искажа револт и незадоволство поради тоа што Зоран Заев и неговите соработници го излажале народот. Во однос на проектите кои ги ветиле на изминатите локални избори, Мисајловски вели дека СДСМ нема исполнето скоро воопшто од предвиденото.

Мисајловски исто така истакна дека во време на ВМРО-ДПМНЕ постоел модел преку кој општините биле финансирани од министерството за транспорт и врски преку аплицирање со проект, а сега тоа е укинато и тоа придонесува за дефицит на средства во општините, вели Мисајловски.

“Ветуваа многу, ќе се потсетиме на неколку проекти меѓу кои клинички центар во Ѓорче Петров, автопати и уште многу проекти кои не само што не се отпочнати, туку и оние кои што се започнати од времето на ВМРО-ДПМНЕ не се завршени. Тоа покажува за неработењето и незаинтересираноста на владината гарнитура, но ќе дојде крајот на сето тоа и Република Македонија ќе продолжи да се развива”, вели Мисајловски.

Три години стагнација, три години лажење и мачкање очи кај народот. Тоа пред се е лицемерно и некоректно кон луѓето кои ја дале довербата за таа опција, па потоа и за сите граѓани на Република Македонија. Ниту еден капитален проект од типот на автопатот Демир Капија – Смоквица. На сето тоа мора да дојде крај и државата да тргне напред, заврши Мисајловски.

Последни новости