fbpx

Вести

Не може политичарите да лицитираат со датум пред да кажат здравствените експерти кога може да се одржат избори

 Не може политичарите да лицитираат со датум пред да кажат здравствените експерти, кога може да се одржат избори и под какви избори и токму затоа во таа насока, денес претседателот Мицкоски отиде со конкретен план, тоа што не радува е дека е прифатен, за како ние можеме да стигнеме до парламентарни избори, но пред се незамераувајќи два аспекти, изјави во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија, секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

„Првиот секако е здравствениот аспект. Вториот аспект е правно политичкиот аспект, тоа е поврзано со роковите потребни на ДИК согласно рковникот и Уставот, но исто така земајќи ги актуелните состојби дека ќе имаме избори под одредени променети услови. Следно е процесот на набљудување, односно ОБСЕ и ОДИХР да можат да воспостават и краткорочна и долгорочна набљудувачка мисија и не смееме да занемариме одредени препораки од релевантни организации. Од Венецијанската комисија има одредени мислења и ставови за кога треба да се одржат избори по вонредна состојба, таа има еден документ кој е наречен „Кодекс за добри практики по изборни прашања“ каде навлегуваат во многу кредибилни аспекти значајни за избори и понатаму препораки кои ОБСЕ ги има дадено како парламентарните избори кои не се одржаа во Полска, вели Муцунски.

Муцунски истакна дека во ваквите моменти во прв план, не само како чинители, политички партии туку и како граѓани, нашите мисли и нашите молитви треба да бидат примарно со луѓето кои што се заболени од овој коронавирус, но и со нашите здравствени работници кои што вложуваат масимален напор, во едни далеку од типични медицински услови, да спасат што е можно повеќе животи.

„Треба да мислиме и дека сите политички чинители размислуваат на таков начин. На нас како политичка партија ни е јасно дека што поскоро воспоставување на функционално Собрание, да може политичкиот и правниот систем да функционираат на начин на кој што е предвиден. Треба да имаме услови и да не се грижиме дали нашите граѓани ќе се заболуваат во камппања, бидејќи изборите не се само гласањето во изборниот ден, има кампања, пред кампања. Треба да се создадат нормални услови согласно релевантни меѓународни стандарди“ потенцираше Муцунски.

Последни новости