fbpx

Вести

Заев со своите панични реакции кажува датуми за избори на штета на здравјето на граѓаните

Во денешната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието, ги наброја четирите точки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложило на лидерската средба, и посочи дека Заев со својата изјава во една панична реакција кажувал датуми за избори и истите ги ставал во контекст на здравјето на граѓаните.

Во изјавата на Зоран Заев се виде една панична реакција и кажување на точни датуми, па потоа тие датуми ставани во контекст на здравјето на граѓаните, покажува дека СДСМ е исплашен од реалната состојба во Македонија и сака колку што е поматно да се настапи, и на тој начин да се бара гласот на граѓаните на коишто во моментов приоритет им е здравјето не политиката, вели Мицевски.

Мицевски истакна дека граѓаните се иплашени за своето здравје и никој не ја става политиката во преден план, секундарна е политиката во момент на пандемија со коронавирус.

По однос на денешната лидерска средба, Мицевски истакна во однос на истата дека ВМРО-ДПМНЕ истакнало уште претходно дека здравјето на граѓаните е пред се, со што се слошиле сите политички чинители, освен СДСМ што брза да се одржат овие избори.

На лидерската средба вели Мицевски, партијата настапила со четири чекори коишто требало да следат пред да одлучи да датум за избори.

Првото е да се види мислењето на Комисијата за заразни болести, на кој начин ќе се движи целата ситуација со коронавирусот, таа до сега нема излезено со заклучоци, а последниве денови имаме зголем тренд за заболени лица и намален тренд на тестирани лица.

Вториот чекор е консултација со ДИК која од своја гледна точка правно, со оглед на изборните дејствија и рокот предвиден за истите да се одржат, треба да каже колку време е потребно да се исполнат сите услови.

Третиот чекор е разговор со ОБСЕ и ОДИХР, и обезбедување на целосен мониториран процес кој ќе се случува кога ќе се одвиваат изборите и дали тие ќе можат да ја покриваат со мониторирање целата териоторија на Република Македонија, за да нема прекршување на изборниот процес.

И четвртиот процес е да седнат правните експерти по однос на оваа проблематика, да се прозинесат во однос на потенцијалниот датум за одржување на овие избори, наброи Мицевски.

Последни новости