fbpx

Вести

Здравковски: Власта цело време се вади поради корона пандемијата, ама пандемија има секаде и има економски раст, а кај нас само корумпирана власт

За лошата економска ситуација власта цело време бара оправдување поради  пандемијата, ама секаде има корона пандемија и има економски раст и инвестиции. Албанија направи раст на бруто домашниот производ од 5,53 проценти, Косово од 5,57 отсто, Србија од 1,9 проценти, а ние негативен од 1,7 проценти, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на собраниската дебата за ребаланс на Буџетот за годинава.

„Проблемите кај нас се ненабавување на вакцини, немање инвестиции во здрвството. За вакцините власта проба и да тргува преку фирма од Хонг Конг, па доцнеше целиот процес на вакцинирање. И за жал ова се реални причини,  сето ова е поради неспособност на Владата“, рече Здравковски.  

Пратеникот напомена дека Македонија има 25,66 милиони евра инвестиции, а Србија 960 милиони евра.  

„И тоа е така благодарение на корупцијата кај власта потврдена во извештаите на Транспаренси и Стејт департментот, тоа е поради корупција кај власта. И ситиацијата не се подобрува. Вие викате дека сте ја подобриле бизнис климата и слично, ама не е така. Инвеститори не доаѓаат во вака корумпирани земји, те. кога има вака корумпирана власт“, рече Здравковски. 

 

 

 

 

 

 

 

Последни новости