fbpx

Вести

Мизрахи: СДСМ продолжува закони да се носи во скратена постапка, со европски знаменца на штета на државата

„Асистентите во парламентот и моите соработници блиски правиме едно истражување на тоа како стигна државата до ова дереџе. И еве за јавноста да кажеме, од осамостојувањето, од 1991 година до 2021 година Република Македонија донела околу 6.000 законски решенија. Што значи, ако не ги сметаме викендите за неработни денови ние носиме 0,58 законски решенија дневно или еден закон на два дена. Доколку ги земеме викендите во предвид тоа се два закони на секои два дена односно еден закон дневно“, појасни Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Мизрахи додаде дека закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци е сериозен, знак прашалник е колку ќе биде почитуван овој закон од власта.
„Што ќе стане со оваа држава доколку дозволуваме закони да се носат во скратена постапка, со европски знаменца“, запраша Мизрахи.
Мизрахи се осврна и на законот за автопатишта за кој што посочи дека повеќе наликува на договор отколку на закон.
„Законот за автопатишта беше донесен по скратена постапка во Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го изразија своето негативно мислење апро про истиот и дури наликуваше на друго законско решение кое што оваа година се случи, кој што е пандан на договор, а не реално на закон. Тука е и законот за Макпетрол. Не можете да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ не реагирало, бидејќи негативната реторика која што се појави на говорницата на самата пленарна седница беше таму. Пратениците не гласаа бидејќи ниту поддржуваат, ниту одрекуваат законско решение кое што не наликува на закон. Дали реално имаме потреба од градење на патишта? Да! Дали се работи за стратешки партнер на Република Македонија ? Да, секако. Дали тоа сепак треба да биде усогласено со останатите закони и тендерски процедури во државата? Апсолутно, да“, рече Мизрахи.

 

Последни новости