fbpx

Вести

СДСМ не смее да ги става животите на граѓаните на ризик

Денеска во вестите на Телевизија 24 линковски се вклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој се осврна на главните проблеми со кои се соочува Република Македонија, односно здравствената, а потоа и економската криза.

Јанушев потенцираше дека СДСМ не смее да прави притисок на институциите, ниту пак тие институции да лажираат податоци се со цел лажно претставување на ситуацијата пред граѓаните. Повеќе од јасно е дека сеуште се бориме со коронавирусот и тоа е во моментов најважната битка, бидејќи секојдневно се изложени на ризик илјадници животи на здравствените работници.

“СДСМ дрско и нечовечки сака да организира избори иако се свесни дека со тоа на ризик ќе бидат изложени илјадници животи, односно животите на луѓето кои ќе бидат во избирачките места, но и гласачите. Мора да се донесе вистинска одлука за организирање на изборите без притоа да бидат изложени на ризик граѓаните”, вели Јанушев.

Иако сме сведоци дека СДСМ никогаш не се грижело за граѓаните, овој пат се работи за човечки животи и ги повикуваме на трезвено размислување и донесување на одлуки кои нема да наштетат на граѓаните, заврши Јанушев.

Последни новости