fbpx

Вести

Иако е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ е победник на наредните парламентарни избори, сепак здравјето на граѓаните е најважно и тоа никако не смее да биде во втор план

Денеска на Телевизија 24 линковски се вклучи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој ги истакна очекувањата од лидерската средба која утре треба да се случи кај претседателот на државата Стево Пендаровски.


Јанушев вели дека очекува конструктивна дискусија од која ќе се изнајдат вистински решенија за претстојниот период. Тој посочи дека во моментов најважен проблем во државата е борбата со коронавирусот кој покажа дека не е наивен и дека мора да се има професионален пристап кон неговото решавање. Јанушев исто така додаде дека иако владата не се вклучува во решавање на проблемот со пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, сепак ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект ќе се вклучи активно во решавање на овој проблем.


“Комисијата за заразни болести во неколку наврати потенцираше дека во Република Македонија сеуште владее пандемија која ниту малку не е за потценување и поради која треба сите мерки да се почитуваат и во наредниот период. Изборите не се најважното нешто во моментов, иако кога и тие да се случат ВМРО-ДПМНЕ е спремно да се соочи со политичките опоненти.”, вели Јанушев.


Иако сите политички партии се спремни за одржување на избори и нивните политички програми горе долу се спремни да се соочат, сепак неодговорно и непрофесионално би било доколку здравјето на народот биде во втор план, а изборите во прв. Датумот за изборите не може да се каже од ракав па потоа пак да се промени. Поради тоа мора да се согледаат сите индикатори и согласно истите да се одреди датум за избори, вели Јанушев.

 

Последни новости