fbpx

Вести

Колку Македонци останаа без работа во овие 3 месеци?

 Мора да има транспаретност во услови на криза, Агенцијата за вработување мора да излезе и да каже колку луѓе изгубиле работни места истакна дополнителната заменик министека за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во гостувањето во емисијата „Детектор“. Ако тоа не го стори Агенцијата за вработување, Кочовска предлага тоа да го стори УЈП или пак Фондот за пензиско осигурување. Покрај нетранспарентноста на Владата за бројката на наши сограѓани кои останале без работаа таа посочи и на оние кои што имаат намалени приходи поради намалениот број на работни саати и оние кои заминале на неплатен одмор за да не останат без работа.

-По однос на изгубените работни места јас навистина малку сум збунета од страна на Директорката на агенцијата за вработување затоа што пред 1 месец излезе на телевизија и кажа нашата агенција брои пријави и одјави само, не регистрира невработени лица. Меѓутоа се сеќавам на почетоците на корона кризата во месец март кога Владата се уште немаше предложено никакви мерки и компаниите меѓусебе комуницираа. А јас гравитирам помеѓу тие луѓе. Многу често се поставуваше прашањето што да правиме, што да превземеме, па така донесоа во тој момент одлука за намалување на бројот на работни саати за нивните вработени. Па така да речеме на 8 работни часа дневно им ги намалија на 4,3,2, зависи од компанија и веќе тоа не е точно губење на работно место, но намалување на работни саати, а врз основа на тоа и приходот е помал на вработените. Имаше и голем број работници кои добија 3 месеци неплатен одмор и тие се луѓе кои не изгубиле работа, но останале без приход на неплатен одмор. Така да Агенцијата за вработување не слушнав такви бројки, вели Кочоска

Последни новости