fbpx

Вести

Штетата од зголемувањето на акцизата врз стопанството е несразмерна со парите кои ќе завршат во буџетот

 Дополнителната заменик министерка за финансии во техничката Влада од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во гостувањето во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител истакна дека зголемувањето на акцизата за нафтените производи е избрзано, неприфатливо и комплетно погрешно решение. Штетата која зголемената акциза ќе ја има врз стопанството е несразмерна со парите кои ќе завршат во буџетот посочи Кочоска.

-Мислам дека беше премногу избрзано и комплетно неприфатливо, односно за мене погрешно решение кое што го предложи сега министерството за финансии, дали консултантните таму. Исто така го проследив внимтателно прилогот, слушнав кажа госпоѓата дека била и на разговори во министерството за финансии. Во континуитет тоа се провлекуваше пред да се случи зголемувањето на акцизата. Прво да не заборавиме дека во 2018-та година имавме зголемување за три денари на акцизата плус нели ДДВ, односно 3,54 денари вкупно зголемување по литар. Во 2020-та година како образложение нели дека ќе се користат средствата за Ковид, повторно имаме зголемување токму на нафтата и нафтените деривати. Односно бензинот и нафтата барем годинава. Иако првично се зборуваше ќе било само за бензинот, па за нафтата 2-3 денари. На крај гледаме како заврши целата работа. Врз основа на податоците со кои располагам за тоа колку биле количински потрошени нафтените деривати во месеците Јануари, Февруари и Март, направив една проекција под претпоставка дека транспортерите и сите останати граѓани во државата ќе се однесуваат како што се однесувале изминатите три месеци, но знаеме дека нема да биде така. До крајот на годината буџетот би заработил дополнителни 20 до 21 милиони евра. Нас ни фалат многу повеќе пари. Е сега тоа е под претпоставка дека ситуацијата е идеална и дека немаме ваква криза. Значи дефинитивно нема буџетот да зработи толку пари, вели Кочоска.

Последни новости