fbpx

Вести

Сакаме избори летово кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните

 За да видиме кога ќе се одржат избори сакам да ги слушнам здравствените власти и по тоа да се водам, а исто така и претседателот на ДИК колку време се потребни за подготовки на предвремените парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во вестите на телевизија Телма.

Тој посочи дека според правните норми по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се организиараат изборите.

-Сакаме избори ова лето. Сакаме избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Сакаме да бидат избори кои ќе донесат нова власт која ќе знае да се справи со последиците од корона вирусот. Гледате ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, но мене ми е поважно здарвјето на граѓаните, а не да се бројат жртви од корона вирусот, рече Мицкоски.

Тој посочи дека се надева дека за датумот на изборите ќе се постигне консензус со останатите политички партии.

Последни новости