fbpx

Вести

Муцунски: Главната грижа на ВМРО-ДПМНЕ е дека постои сериозна можност да македонските граѓани се соочат со уште едно дополнително национално понижување од страна на СДСМ

Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ пред протестот во своето гостување во вестите на ТВ 21 истакна дека македонските граѓани се сведоци како работи слушале од функционерите на СДСМ, но праксата покажува дека тие го прават токму спротивното од тоа што го кажуваат.

„Потребно е да имаме поголема јасност пред граѓаните, да имаат граѓаните повеќе информации и опозицијата, и Собранието да има повеќе информации за што точно преговара Владата“, појасни Муцунски.
Муцунски додаде дека под закрилата на тајноста, главната грижа на ВМРО-ДПМНЕ е дека постои сериозна можност да македонските граѓани се соочат со уште едно дополнително национално понижување.
„Немаше желба од страна на мнозинството да го направиме токму тоа што го направи нашиот сосед Бугарија, тие црвени линии да ги воспоставиме во рамките на Собранието. Што значи дека ние сме сериозно загрижени не радува тоа што граѓаните исто така веќе почнуваат јасно да ја покажуваат таа грижа. И мораме да останеме како заштитници на македонските национални интереси“, нагласи Муцунски.

 

Последни новости