fbpx

Вести

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ инсистира на исцртување на црвените линии при преговорите со Бугарија

Денес Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во вестите на ТВ 21 пред протестот посочи дека како што кажа претседателот Мицкоски и во својата најава ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од голем број на граѓани протестира во 10 града ширум Република Македонија. Потребно е да се исцртаат црвените линии и на Македонија при преговорите со Бугарија бидејќи бугарските позиции во овој т.н. преговарачки процес се јасни и предвидливи.
„Ние како политичка партија инсистираме македонскиот јазик, македонскиот идентитет, посебноста на македонската историја, заштитата на македонските национални малцинства да бидат јасни црвени линии при преговорите со Република Бугарија“, нагласи Муцунски.
Муцунски додаде дека очигледно е дека во овој момент се преговара за некој патоказ и ноторен факт е тоа што оваа Влада на СДСМ во делот на своето попустлива надворешна политика ветувала многу работи но во пракса постапувала спротивно од тоа што го ветува.
„И ако е така како што се кажува дека тој патоказ е нешто за кое што не треба да се грижиме, со кое што се заштитува идентитет и јазикот, тогаш веројатно не би имало проблем македонската Влада да каже за што точно се преговара. Граѓаните треба будно да ги следат преговорите и да бидеме внимателни за да нема уште едно дополнително национално понижување“, рече Муцунски. 

Последни новости