fbpx

Вести

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ, но сепак мора да се почитува нашата посебност како народ, Заев и Бучковски да го објават тој патоказ под итно

„Ние бараме власта, Заев и Бучковски да го објават тој патоказ, да објават за што разговараат и за што се преговара, заради тоа што она што можевме да го видиме од изјавите на официјална Софија ставен е на маса македонскиот идентитет, македонската историја и македонскиот јазик. И за тоа ние решивме преку овие протести, преку овие блокади кои што ќе траат три дена во континуитет, денеска сме на три локации во градот Скопје, тоа е раскрсницата тука до нас НИП Нова Македонија, Мавровка како и во десет градови во Република Македонија да ја испратиме пораката дека јавноста и народот мора да знае за што се преговара бидејќи поучени од поведението кое што се случувало до сега, секогаш кога сме биле на ваков стадиум Македонија губела и се соочувала со национално предавство. Нашата интенција е тоа да го спречиме, да го објават тој патоказ и сите да видиме што се преговара и дали тоа е прифатливо или не е прифатливо, знаејќи го поведението на овие луѓе, тоа е далеку над црвените линии“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во изјава за вести на Алфа телевизија.
Стојаноски додаде дека официјалната Софија и нивното МНР излезе со став дека не отстапуваат од позициите кои што беа и претходно.
„ВМРО-ДПМНЕ е за членство и интеграција во ЕУ, но сепак мора да се почитува нашата посебност како народ, нашата историја, нашиот идентитет и нашиот јазик. Знаеме дека досега во сите ситуации кои што сме ги имале да просведочиме, Владата на Зоран Заев е таа што капитулира и ние сакаме тоа да го спречиме. Сметам дека треба да се покаже малку поголема национална свест во решавањето на овие историски, национални и би рекол прашања кои што го засегаат и постоењето на еден народ заради тоа што без историјата, без нашиот идентитет и без јазикот како одредена посебност која што не одликува како одредена белегзија на самиот македонски народ ние тогаш што би барале, каде и да членуваме“, рече Стојаноски.
Стојаноски посочи дека на јавноста патоказот треба да и се покаже бидејќи има право да знае за што Бучковски и Заев преговараат со официјална Софија.

 

Последни новости